„Global Culture Initiative“ денеска ја објави листата со победници на фестивалот „World Folk Vision 2020“. Во категоријата за најдобра песна победник е нашиот овогодишен преставник на Евровизија, струмичанецот Васил Гарванлиев со песната „Ѓердан“.
На овој глобален фестивал учествуваа над 4000 реномирани уметници од пет континенти, а гласањето траеше еден месец и воедно беа вклучени 44-членото професионално жири од повеќе земји од светот.
Организаторите известија дека над 26 милиони гласачи од 150 земји одлучиле за победниците во три категории: инструменти, глас и танц, кои оваа година поради новонастанатата ситуација со Ковид-19 се одвиваше на нивната платформа онлајн.
„Се уште не ми верно, чест ми е што ја претставувам Македонија на ваков светски реномиран фестивал и особено сум среќен што одлучивме токму со „Ѓердан“ да учествувам, песната која ја посветив на нашата тактовина и која ме врати назад во моето родно место. Оваа награда ја посветувам на сите тие што веруваа во мене, на мојата земја и на сите уметници кои творат и не се откажуваат од својот сон дури и во вакво време“ – вели Васил.
Песната „Ѓердан“ беше објавена во септември 2018, музиката е на Саша Драгиќ, текст на Весна Малинова со аранжман на Диран Тавитијан.
Ова е историски момент за македонската музичка сцена и прва голема победа на Васил на интернационално ниво. Васил ќе настапи на Гранд финалето кое ќе се одржи од 1-7 ноември оваа година во Катар.
.
.
Авг 15, 2022 Вести
Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...
Авг 13, 2022 Вести
Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...
Авг 13, 2022 Веб Билборд
„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...
Авг 13, 2022 Вести
Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...
Авг 12, 2022 Вести
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...
Авг 12, 2022 Вести
Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...