Иван Котев за Ѓурѓовденскиот обичај во струмичко

Среда, 06 Мај 2020

Ѓурѓовден е еден од најголемите и најубавите пролетни празници. Тој е празник на земјоделците и сточарите и го слават не само христијаните, туку и останатото население во Македонија и сите христијани во светот. Тој е неподвижен празник, секогаш се прославува на 6 мај по новиот или на 23 април по стариот календар. Суштина на празнувањето на овој голем празник е будењето на природата, вегетацијата и на животот воопшто.

Македонскиот народ го има прифатено Св. Ѓорги како свој голем заштитник и светец. На иконите е претставен како воин на силен коњ кој со копјето ја убива ламјата – симболот на злото, мразот и студот. За овој голем светец се испеани бројни песни во кои се слави победата на доброто над злото, на светлината над мракот, на топлината над студенилото.

Многу села во струмичко, како што се Дрвош, Сушица, Ново Село, Зубово, Пиперево, Муртино и други, Ѓурѓовден се прославува како селска слава, а оние кои го носат името Ѓорги, Гоце, Гоне или име изведено од ова име слават именден при што ги посетуваат бројни роднини и пријатели.

Во манастирите кои го носат името на Св. Ѓорги се организираат општонародни собори со богата трпеза сѐ со цел овој голем ден да се прослави посвечено, подостоинствено и побогато.

Ден пред Празникот, на 5 мај во повеќе села од Подгоријата и Огражденот се слави Овчарскиот празник, древен, ендемски обичај, при што се коли курбан, најубавото и најздравото машко јагне, се пече на ражен и со бројни обреди и дејствија во кои учествува целата фамилија и пријатели од други места, се прославува идењето на Ѓурѓовден. Некогаш, кога Струмичката котлина обилувала со стока. На Ѓурѓовден, рано, пред да изгрее Сонцето, стоката се носела „на роса“. Се терала покрај реките, изворите, пасиштата богати со бујна трева, обичај кој требало да ја манифестира слеаноста на земјоделците и сточарите со природата, а девојките го ваделе својот чеиз на балконите, го распостелувале за да се види колку и што имаат... Убави обичаи!
Девојки и момчиња во помали или поголеми групи се упатувале кон некоја блиска ливада или двор каде имало родно дрво погодно за правење лулка за лулање. Претежно се лулале девојките. Ергените стоеле потпрени на дрвото каде била врзана лулката и со очи полни со љубов ги следеле движењата на лулката во која се лулала саканата девојка. Тука блеснувале и првите љубовни искри. Лулањето било пропратено со пригодни песни со кои се поттикнувало дружењето, љубовта меѓу младите и овозможувале да се надмине јазот меѓу половите. „Во песните се раскриваат взаемните чувства што предвестуваат среќа и свадба“. Тие биле мигови кога се пеело:
На љуљките диљбер Стана љуљајте, фрљајте, и, и!
Од дол иде лудо младо, љуљајте, фрљајте!
Ф раци носе до две китки гороцвет, гороцвет.
Едната је на момата, љуљајте, фрљајте!
Ја другата на момчето, љуљајте, фрљајте, и, и!
Во овие песни што се одраз на будењето и буењето на природата, се раѓаат најблагородните чувства према убавината воопшто, а кон љубовта и убавината на девојката посебно:
–Ѓурѓе ле Ѓурѓе, убаво, море,
Ѓурѓе ле, Ѓурѓе, убаво!
Та што си толку убаво, море,
та што си толку убаво?
Дал си од Бога паднало, Ѓурѓе,
дал си од Бога паднало?
Ил си од земја никнало, Ѓурѓе,
ил си од земја никнала?
–Ни сам од Бога паднало, Ѓорѓи,
ни сам од Бога паднало!
Ни сам од земља никнало, Ѓорѓи,
ми сам од земља никнало!
И мене мајка родило, Ѓорѓи,
и мене мајка родило!
Со пресно млеко појило, Ѓорѓи,
со пресно млеко појило!
У рујно вино бањало, Ѓорѓи,
у рујно вино бањало!
На Ѓурѓовден ме родило, Ѓорѓи,
на ѓурѓовден ме родило!
Ѓурѓа ми име турила, Ѓорѓи ле,
Ѓурѓа ми име турила!
Затој сам толку убаво, Ѓорѓи ле,
затој сам толку убаво!

На овој празник се манифестирале силата, здравјето, снаодливоста и издржливоста на младите. Се организирале разни спортски, преди сѐ народни игри. Се практикувала „кушија“, трка со коњи, а се организирале трки за деца и возрасни, натфрлање камен, троскок и сл.

За жал, во некои села тоа полека, полека замира. За среќа, пак, сé уште, иако во рудиментирана форма, живее во некои селски средини.

Струмичанецот Иван Котев е познат фолклорист, собирач и запишувач на народното творештво од струмичкиот крај. Иван Котев многумина го нарекуваат современиот Марко Цепенков, но според бројот на собраните народни умотворби, тој го надминал и Цепенков.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со струмичките бизнисмени

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со стру…

Јул 10, 2020 Избори 2020

„Ја зајакнуваме директната поддршка на македонските компании. Нашата цел е да создадеме амбиент за динамичен и конкурентен бизнис, ослободен од полити...

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓу кои и во Струмица

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓ…

Јул 10, 2020 Вести

Градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-...

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земјава регистрирани дури 205 нови случаи

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земј…

Јул 10, 2020 Вести

Во последните 24 часа во земјава се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравств...

Донација за новото крило на струмичката болница од ИГМ „Еленица“

Донација за новото крило на струмичката болница од ИГМ „Елен…

Јул 10, 2020 Вести

Електрични кревети, отомани за преглед, натказни и друг медицински инвентар и опрема денеска беа донирани во новото крило на ЈЗУ „Општата болница“ во ...

Приведено 24-годишно момче кај кого е пронајдено марихуана

Приведено 24-годишно момче кај кого е пронајдено марихуана

Јул 10, 2020 Вести

Вчера во 10:30 часот, врз основа на Наредба на Основен суд Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле претрес во...

Обраќање на Костадин Костадинов, кандидат за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“

Обраќање на Костадин Костадинов, кандидат за пратеник во Изб…

Јул 10, 2020 Избори 2020

Обраќање на Костадин Костадинов, кандидат за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ. На 15 јули одлучуваме за ...

Костадинов на предизборна трибина со здравствените работници од Струмица: Држава со европски здравствен систем посветен на потребите на граѓаните

Костадинов на предизборна трибина со здравствените работници…

Јул 10, 2020 Избори 2020

„Пандемијата на КОВИД-19 беше најсериозниот тест за нашиот здравствен систем. Во услови на најтешка светска криза, покажавме како треба да се работи и...

Шест години од трагичната хеликоптерска несреќа кај Струмица

Шест години од трагичната хеликоптерска несреќа кај Струмица

Јул 10, 2020 Вести

На денешен ден 2014-та година, ноќта околу 22 часот на периферијата од градот Струмица, се случи трагичната хеликоптерска несреќа, во која загинаа чет...