Национално здружение на пациенти со механичка потпора на срцето „Храбро Срце“

Понеделник, 02 Март 2020

Додека си здрав, не размислуваш за болести и не сфаќаш дека животот е толку непредвидлив. Денес си тука, утре те нема. Брзиот начин на живот што го живееме неосетно, бавно, ама сигурно си го зема својот данок. И никогаш не вели „мене нема да ми се случи тоа“ – зашто животот неретко знае да ти покаже дека и тоа како грешиш. Затоа, живеј го животот, а потоа подари го онаму каде што е потребно. Онаму каде што некој друг чека рака за помош, за подобро утро, за втора шанса за живот. Не можеш да промениш ништо, ниту да ја надоместиш загубата за ближниот свој, но ја имаш моќта некому да продолжиш живот. Подари љубов, подари орган.

Оваа е пораката кои ја упатуваат членовите на Здружението.

Пациентите со кои имаат вградено вештачко срце (SynCardia ТAH) или механичка потпора (Lvad, Bivad) односно пумпа, апелираат дека е потребно во земјава да се подигне свеста во јавноста за донирање на органи.

„Пациентите со механичка потпора на срцето се поретки од ретките во нашата држава, затоа од суштинска важност е поддршка од граѓаните и институциите, заедно да го поминеме мостот, да покажеме колку е голема и несебична душата на нашиот народ и колку е возвишен чинот да се подари живот на еден човек“, велат од Здружението кое е формирано лани во ноември.

Претседател на Здружението е м-р Данијел Тодоровски. И тој е еден од пациентите со механичка потпора, конкретно една пумпа. Здружението засега има 22 членови, од кои 8 се пациенти, а останатите се поддржувачи, членови на семејствата и доктори. Пациентите се на возраст од 23 години до 60. Главно се млади (23, 27,30,32, 41 ,47 години) и нагоре до 60.

„Наша цел е запознавање и едукација на пошироката јавност со пациенти со имплантирана механичка циркулаторна потпора на срцето (Lvad, Bivad) и вградено вештачко срце (SynCardia ТAH), , како и подигање на свеста на граѓаните и институциите за нивно вклучување и соработка за подобро разбирање, поддршка и прифаќање, чијашто состојба не претставува трајно решение, туку само ‘мост до трансплантација на срце’ или евентуално експлантација “, велат од Здружението.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица нема заболени од коронавирус, објавени бројките во изминатите 24 часа

Во Струмица нема заболени од коронавирус, објавени бројките …

Мар 28, 2020 Вести

Синоќа струмичани беа бомбардирани со пораки на социјалните мрежи и видео од тројца пациенти како со амбулантно возило се носени во Инфективното оддел...

Остани дома, Остани во чекор со „Танец“! Концерт во Струмица

Остани дома, Остани во чекор со „Танец“! Концерт во Струмица

Мар 28, 2020 Магазин

Видео од концертот на Ансамблот „Танец“ одржан на 22 мај минатата година во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица. „На вас е само да ОСТАНЕТЕ ДОМА! „Танец“ ...

На денешен ден почина македонскиот поет и новинар од Струмица, Иван Василевски

На денешен ден почина македонскиот поет и новинар од Струмиц…

Мар 28, 2020 Вести

На денешен ден пред 5 години почина познатиот новинар, поет, драмски писател и публицист од Струмица, Иван Василевски. „Иван Василевски од зборот нап...

Раноградинарите со пластеници не треба да вадат посебни дозволи за движење во време на полициски час, останатите ќе мора

Раноградинарите со пластеници не треба да вадат посебни дозв…

Мар 27, 2020 Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во денешната изјава посочи дека заради интензивирање на сезоната на земјоделс...

Бесплатни телефонски броеви и е-маил адреси за да се пријави непочитување на мерките за КОВИД-

Бесплатни телефонски броеви и е-маил адреси за да се пријави…

Мар 27, 2020 Вести

Владата отвори бесплатни телефонски линии за пријавување на непочитување на мерките и препораките против понатамошно ширење на КОВИД-19. За поефикасно...

Тројца струмичани синоќа го прекршиле Полицискиот час

Тројца струмичани синоќа го прекршиле Полицискиот час

Мар 27, 2020 Вести

Десет граѓани од Струмица и Радовиш ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период, информираше СВР Струмица. Според нивното известу...

Во јуни ќе продолжи реконструкцијата на тврдината „Цареви кули“ над Струмица

Во јуни ќе продолжи реконструкцијата на тврдината „Цареви ку…

Мар 27, 2020 Вести

Во почетокот на месец јуни ќе продолжи реконструкцијата и реставрација на Царевите кули над градот Струмица. Ова на својот Фејсбук профил го објави гр...

18 нови случаи на коронавирус, вкупната бројка е 219 лица

18 нови случаи на коронавирус, вкупната бројка е 219 лица

Мар 27, 2020 Вести

Во изминатите 24 часа регистрирани се 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1). Со ова...