ВИДЕО: „Медот отровен“ нова дуетска песна со Јовче Пандев и Ивана Василева

Петок, 03 Јануари 2020

Двајцата познати струмички вокали, Јовче Пандев и Ивана Василева снимија дуетска песна и видео спот насловен „Медот отровен“.

Ова е четврта песна на Јовче Пандев кои ја одбележуваат 2019-та година во неговата музичка кариера, а на Ивана прва песна и тоа со нејзиниот пријател од средношколските денови, кои беа и дел од хорот на гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица.

За Јовче 2019-та беше доста успешна и плодна година на музички план, четири спота за неполна година, како што вели одржавме некаков континиутет во работата наречена „авторска музика“.

„Истата екипа од претходните аудио и видео изданија работеше и на оваа песна и спот, овој пат засилени со Зоран Трендов, кој е заслужен за дел од музиката и другарка ми Ивана Василева која ја донесе интерпретацијата онака како што бара сентиментот на песната“ – ни кажа Јовче.

Јовче вели дека песната „Медот отровен“ е сублимат на четири жанрови, рок, поп, класика и ориентална музика, и само по себе е предизвик да се стават сите во ист контекст и  функција.

Во 2020-та Јовче Пандев сака да ја сними својата осма авторска песна и да се промовира ЦД, албум од неговите песни, „ништо друго нема да ги задоволи моите апетити“…

„Одиме понатаму… „Медот отровен“ е четвртата, таман сме на пола пат. Среќни празници на сите од мене и Ивана. Имајте среќна и од Бога благословена 2020 година. Да сме живи и здрави и да слушате македонска музика“, е пораката на Јовче Пандев. /Р.Ѓ./

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Глувонемото дете кое беше врзувано за радијатор во Бања Банско, ќе добие 18.000 евра отштета од државата за нечовечно постапување

Глувонемото дете кое беше врзувано за радијатор во Бања Банс…

Јан 23, 2020 Вести

Државата треба да му плати отштета во износ од 18.000 евра на 8-годишното дете Л.Р. кое Народниот правобранител при ненадејна посета го најде врзано с...

Со кучиња трагачи се бара исчезнатата Марија Брзакова од Босилово

Со кучиња трагачи се бара исчезнатата Марија Брзакова од Бос…

Јан 23, 2020 Струмица

Веќе пет дена семејството на 28-годишната Марија Брзакова од Босилово, струмичко, нема сознанија каде би можела да биде младата жена, која во саботата...

Реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на ОО на СДСМ Струмица

Реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на ОО на…

Јан 23, 2020 Вести

„Последниот прес на СДСМ во Струмица покажува дека во редовите на партијата на власт, владее паника. На прес конференција се фалат со покачени плати в...

Неколку населени места во општина Ново Село денеска без струја 12:30 до 15:30 часот

Неколку населени места во општина Ново Село денеска без стру…

Јан 22, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека денеска (среда, 22 јануари), од 12:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат населените мес...

БИРОСЕФ Струмица вработува

БИРОСЕФ Струмица вработува

Јан 22, 2020 Веб Билборд

Компанијата „БИРОСЕФ“ од Струмица има потреба од бравари, електричари и општи работници. За аплицирање испратете CV на info@birosafe.com. Подетални ин...

Сениорската екипа на Пандев подмладена со уште тројца фудбалери од својата школа

Сениорската екипа на Пандев подмладена со уште тројца фудбал…

Јан 21, 2020 Вести

Фудбалскиот клуб „Академија Пандев“ од Струмица информира дека продолжува со потпишување на професионални договори со млади фудбалери кои произлегуваа...

Каролина Дончева од струмичкото СДСМ: Позитивна политика, подобрен семеен буџет

Каролина Дончева од струмичкото СДСМ: Позитивна политика, по…

Јан 21, 2020 Вести

Каролина Дончева, член на Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ во Струмица, вели дека по заслуга на прогресивните политики кои ги спров...

Исчезната 28-годишна жена од Босилово

Исчезната 28-годишна жена од Босилово

Јан 21, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 15 часот во Полициската станица во Струмица, Б.Б. (29) од Босилово пријавил дека од нивниот семеен дом во Боси...