Васил Гарванлиев на 29 ноември со концерт во Струмица насловен „Мојата улица“

Петок, 22 Ноември 2019

Прв солистички концерт имаше на 10 години, во 1994 година во тогашната дискотека „Кактус“ во Струмица, кога ја промовираше својата прва касета со детски песнички, меѓу кои беше и детскиот хит „Марионка“.

Струмичанецот Васил Гарванлиев по 25 години повторно со солистички концерт во Струмица со промоција на негови македонски песни. Музичко патување низ времето на македонска музика, премиерни изведби на „Ѓердан“, „Дома“ (Колку сакам да сакаш), „Патувам“, промоција на новата песна со видео запис „Мојата улица“, на која музиката тој ја создаде, со текст на Игор Џамбазов, а аранжманот го направи Давор Јордановски.

Концертот ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица на 29 ноември (петок) од 20:00 часот, а сцената ќе ја збогатат и неговите гости музичари: Давор Јордановски – клавир, Горан Алиќ – гитара, Оливер Јосифовски - контрабас, Александар Јовевски - кавал и тамбура, Ратко Даутовски – перкусија, Кеми Асанов – труба, Гудачкиот квартет „Полифонија“, Св. Злата Мегленска - прекрасните девојки на Летка Димовска Полизова, а специјален гостин на концертот ќе му биде Игор Џамбазов.

„Ајде да патуваме заедно под ѕвездите на Струмица“ – е поканата до струмичани од Васил Гарванлиев за неговиот солистички концерт на 29 ноември.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ организираше традиционален посен ручок по повод празникот Свети Петнаесет

ВМРО-ДПМНЕ организираше традиционален посен ручок по повод п…

Дек 11, 2019 Вести

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, традиционално на празникот на градот, Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, го организираше з...

Центар за убавина „ПРЕСТИЖ“ Струмица вработува

Центар за убавина „ПРЕСТИЖ“ Струмица вработува

Дек 11, 2019 Веб Билборд

Центар за убавина „ПРЕСТИЖ“ Струмица вработува: фризер/ка, шминкер/ка и девојка за надградба на нокти со работно искуство. Огласот важи за сите кои им...

Бутик „ИМПРЕСА“ од Струмица има потреба од работничка

Бутик „ИМПРЕСА“ од Струмица има потреба од работничка

Дек 11, 2019 Веб Билборд

Бутик „ИМПРЕСА“ од Струмица има потреба од работничка. Подетални информации на: 071/239-003 или на Фејсбук линкот во пораки >>>...

Општина Струмица му додели награда за животно дело на Перо Христов

Општина Струмица му додели награда за животно дело на Перо Х…

Дек 11, 2019 Вести

Наградата за животно дело на општина Струмица, по повод празникот на градот Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, ја доби естрадниот уметн...

Вечерва ракомет со ветераните на Струмица и ветераните на Македонската репрезентација

Вечерва ракомет со ветераните на Струмица и ветераните на Ма…

Дек 11, 2019 Настани

Вечерва од 18:00 часот во Спортската сала „Парк“ во Струмица, по повод празникот на градот Струмица – Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици...

Повредена 82-годишна жена во сообраќајка во градот Струмица

Повредена 82-годишна жена во сообраќајка во градот Струмица

Дек 11, 2019 Вести

Доцна попладне вчера во 18:15 часот на улицата „Братство Единство“ во Струмица, патничко возило „Пежо 307“, со струмички регистарски ознаки, управуван...

Бурна ноќ на струмичките пожарникари, три интервенции за неполни осум часа

Бурна ноќ на струмичките пожарникари, три интервенции за неп…

Дек 11, 2019 Вести

Струмичките пожарникари во синоќешната дождлива ноќ во струмичко интервенираа на три локации. Пред 20:00 часот превентивно интервенираа во селото Турн...

Струмица ги празнува Светите Петнаесет, заштитниците на градот

Струмица ги празнува Светите Петнаесет, заштитниците на град…

Дек 11, 2019 Вести

Денеска струмичани го слават Денот на заштитниците на градот, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. Од недела се одржуваат низа свеченост...