За 50-те години на естрадата Перо Христов одржа концерт и во Скопје, го слушаше и премиерот, а си доби и снаа

Петок, 22 Ноември 2019

По концертот во Струмица, музичката легенда Перо Христов за својот 50-годишен јубилеј на македонската естрада одржа концерт и во Скопје во големата сала на Домот на армијата.

Како и во Струмица и во Скопје, исполнета сала со луѓе од различни генерации, се разбира повеќето од малку постарата генерација кои го следат Перо уште од неговите почетоци, кога својата кариера ја започна како пејач на забавни мелодии.

Покрај скопјани и на овој концерт можеа да се видат и струмичани, кои живеат и работат во Скопје, меѓу нив беше и премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица, кои уживаа во прекрасните интерпретации на својот сограѓанин Перо Христов.

И на овој концерт со него пееја повторно колегите од естрадата, Маргица Антевска, Благица Калева, Игор Ангелов, Кате од „Нели ти реков“, дуото Маротови, групите „Интервали“ и „Арија“, а голем број негови колеги од естрадата можеше да се забележат и во публиката кои го следеа двочасовниот концерт.

Перо на концерот доби и еден убав подарок, кој секој родител би го посакал од својот син, си има снаа, сега е свекор, синот Илија на сцената клекна и со прстен ја побара за сопруга својата девојка, струмичанката Верица Петковска. Солзи радосници на сцената, во публиката, радост, но и емоции. А за прекрасниот концерт, прекрасното изненадувањето од синот и сега веќе снаата се славеше и во скопскиот хотел „Холидеј ИН“, каде имаше свечен коктел, се разбира пак со песна, оние најдобрите од Перо Христов.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ организираше традиционален посен ручок по повод празникот Свети Петнаесет

ВМРО-ДПМНЕ организираше традиционален посен ручок по повод п…

Дек 11, 2019 Вести

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, традиционално на празникот на градот, Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, го организираше з...

Центар за убавина „ПРЕСТИЖ“ Струмица вработува

Центар за убавина „ПРЕСТИЖ“ Струмица вработува

Дек 11, 2019 Веб Билборд

Центар за убавина „ПРЕСТИЖ“ Струмица вработува: фризер/ка, шминкер/ка и девојка за надградба на нокти со работно искуство. Огласот важи за сите кои им...

Бутик „ИМПРЕСА“ од Струмица има потреба од работничка

Бутик „ИМПРЕСА“ од Струмица има потреба од работничка

Дек 11, 2019 Веб Билборд

Бутик „ИМПРЕСА“ од Струмица има потреба од работничка. Подетални информации на: 071/239-003 или на Фејсбук линкот во пораки >>>...

Општина Струмица му додели награда за животно дело на Перо Христов

Општина Струмица му додели награда за животно дело на Перо Х…

Дек 11, 2019 Вести

Наградата за животно дело на општина Струмица, по повод празникот на градот Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, ја доби естрадниот уметн...

Вечерва ракомет со ветераните на Струмица и ветераните на Македонската репрезентација

Вечерва ракомет со ветераните на Струмица и ветераните на Ма…

Дек 11, 2019 Настани

Вечерва од 18:00 часот во Спортската сала „Парк“ во Струмица, по повод празникот на градот Струмица – Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици...

Повредена 82-годишна жена во сообраќајка во градот Струмица

Повредена 82-годишна жена во сообраќајка во градот Струмица

Дек 11, 2019 Вести

Доцна попладне вчера во 18:15 часот на улицата „Братство Единство“ во Струмица, патничко возило „Пежо 307“, со струмички регистарски ознаки, управуван...

Бурна ноќ на струмичките пожарникари, три интервенции за неполни осум часа

Бурна ноќ на струмичките пожарникари, три интервенции за неп…

Дек 11, 2019 Вести

Струмичките пожарникари во синоќешната дождлива ноќ во струмичко интервенираа на три локации. Пред 20:00 часот превентивно интервенираа во селото Турн...

Струмица ги празнува Светите Петнаесет, заштитниците на градот

Струмица ги празнува Светите Петнаесет, заштитниците на град…

Дек 11, 2019 Вести

Денеска струмичани го слават Денот на заштитниците на градот, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. Од недела се одржуваат низа свеченост...