Испечатете ја страната

ИНТЕРВЈУ со Виолета Врешкова Накова, сопственичка на Струмичкиот бренд за здрава храна „ВИОНА“

Петок, 15 Ноември 2019

Првата специјализирана продавница за здрава и органска храна во Струмица - „ВИОНА“, која се наоѓа во зградата до Основниот суд, утре ја одбележува 6-тата годишнина од отворањето на оваа специјализирана продавница. Својата дејност од пред две години ја прошири и со отворање на сопствена работилница за производство на слатки и солени производи од органски состојки, а од неодамна „ВИОНА“ на уште една локација, на самиот плоштад во Струмица.

По повод 6-от роденден на специјализирана продавница за здрава и органска храна „ВИОНА“, разговаравме со сопственичката, Виолета Врешкова Накова.

СтрумицаНет: Како се роди идејата за Виона?

Виолета: Се започна во јануари 2013 година, само што ја напуштив мојата претходна работа и немав никаква намера да започнам сопствен бизнис. Во тој период моја најдобра другарка се бореше со една од најтешките болести. Бев со неа секојдневно, бев сведок колку таа имаше желба да се избори, колку помош и поддршка имаше од семејството. Сите сакавме да помогнеме, таа веруваше во алтернативно лекување, во здрава исхрана. Ме убиваше мислата дека не можам да и помогнам па почнав да пишувам книга, да купувам литература за природно лекување, разговарав со секој што може на било кој начин да помогне. Така од ден на ден се повеќе верував дека храната е клучна за нашето здравје. Почнав да ја менувам исхраната на моето семејство, но се соочував со недостаток на намирници што сакав секојдневно да ги користам, а немаше од каде да ги набавам во Струмица, па нарачував од Скопје, а тоа не беше баш толку едноставно. Во еден момент станав свесна дека имам толку многу информации кои сакам да ги споделам со некој, да помогнам некому, да се промени размислувањето за храната. Така, дојдов до идејата за продавница за здрава храна, идејата ја прифати моето семејство, а најголема поддршка имав од мојот сопруг. Почнавме со истражување на пазарот, се беше толку сложено, да се одберат производи, да се најдат добавувачи, да се најде простор, да собереме информации за бенефитите од производите. Но, ништо не можеше да ме поколеба, некоја внатрешна сила ме водеше напред, да направам нешто корисно за сите. Уште поголем поттик ми беше што мојата другарка, иако веќе ја губеше битката со болеста, ме поддржуваше и ја радуваше сознанието што токму таа ми беше инспирација за почеток на оваа работа. За жал мојата Ели почина само три дена по отворањето на продавницата.

СтрумицаНет: Што следуваше понатаму, дали работите се одвиваа како што сте очекувале?

Виолета: Искрено да ви кажам, баш ништо не очекував, најважно ни беше да се започне со работа, а тоа значеше бескрајни разговори, објаснувања за производите, мелење семиња, мерење, пакување… Интерес имаше голем, бројни посети, прашања многу, и сфативме набргу дека еден човек не може сам, па се приклучи и сопругот.

СтрумицаНет: Дали бевте задоволни?

Виолета: Да, задоволни од сознанието дека многу од нашите сограѓани станаа наши редовни посетители и потрошувачи. Најважно беше што кај нас не се продаваа само производите, несебично се делеа совети за користење на производите, бенефити, рецепти… Сите оние кои ќе се сетат на тој период знаат колку беше убава атмосферата во „Виона“, колкави интересни дискусии се водеа, секогаш беше полно со позитивни луѓе.

СтрумицаНет: Што следуваше понатаму?

Виолета: Умеат луѓето да препознаат кога нешто се работи со љубов, кога сакаш да им помогнеш без да гледаш финансиски интерес, па почнаа да се доверуваат со здравствени проблеми, заеднички да бараме начин како да се помогне преку исхраната.

СтрумицаНет: Дали имаше резултати?

Виолета: Фалба би било, а тоа не го сакам, но мора да кажам, голема е бројката на луѓе кои слушајќи ги нашите совети надминаа здравствени проблеми. Со многу од нив станавме пријатели за цел живот. Како што се ширеа добрите вести за нашето работење ,така и нашите потрошувачи стануваа се побројни. Асортиманот на производи беше се поголем: Органски производи, безглутенски производи, супер храни, семиња, апетисани, брашна, житарки, чаеви, додатоци во исхраната, органска козметика, сите со проверен квалитет.

СтрумицаНет: После „Виона“ се отворија уште неколку пордавници за здрава храна кои набргу се затворија. Што мислите, зошто се случува тоа?

Виолета: Работата со храна сама по себе е многу одговорна, а уште посложено е кога се работи со здрава храна. Се уште има луѓе кои сметаат дека здравата храна е за болни луѓе, па сметајќи се себе за здрави, не сакаат ни да погледнат, не пак да купат „здрава храна“. Затоа, сметам дека ако се нема посебна љубов за тој тип на работа тешко е да се издржи на пазар од храна кој е преплавен со разни, не толку здрави производи, но толку добро пакувани што привлекуваат да бидат одбрани од луѓе на кои не им е многу важно што јадат.

СтрумицаНет: Значи ли тоа дека љубовта кон работата е клучот за успех на „Виона“?

Виолета: Мора да ви потенцирам, „Виона“ е семеен бизнис, цело семејство сме вклучени, посветено работиме деноноќно и веруваме во тоа што го работиме. Не секогаш финансиската надокнада е адекватна на нашиот вложен труд, но во тешки моменти ќе ви повторам дека само љубовта кон работата е пресудна да продолжиме.

СтрумицаНет: Имате сопствено производство, што опфаќа тоа?

Виолета: Од февруари 2016 година започнавме со сопствено производство. Тоа беше моментот кога сфативме дека време е и практично да покажеме колку прекрасни и вкусни производи може да се прават со здрави намирници. Имаме сопствена работилница со стандардизирани услови за работа во која се прават производи од одбрани, квалитетни суровини без бели брашна, бел шеќер, без конзерванси, адитиви, бои и без подобрувачи на вкусови. Започнавме со неколку производи, а сега имаме преку 30 производи од сопствена рецептура.

СтрумицаНет: Дали се има потрошувачи за вакви производи?

Виолета: Мора да признаам дека се поголем е интересот за нашите производи. Сите оние кои сакаат здрав и вкусен доручок знаат каде да го побарат.

СтрумицаНет: Отворивте уше една продавница оваа година, што ќе кажете за неа?

Виолета: „Viona Healthy Food To Go“ е отворена со друг концепт, да одговори на брзиот ритам на живот. Производите да им бидат достапни на нашите потрошувачи на уште една локација, на најубавото место во градот, на плоштадот во Струмица. Овде освен за јадење, може да добиете свежо цедени сокови, топло чоколадо, органско какао, чаеви, квалитетно кафе од италијанскиот бренд Oro Cafe со 25-годишна традиција. Се на се замислено ни е како едно топло катче каде што секој кој сака може да проба нешто вкусно и здраво или да си го понесе за дома или на работа.

СтрумицаНет: Дали здравите производи се поскапи во однос на белите пецива?

Виолета: Ние за нашите производи секогаш се стремиме да имаме прифатливи цени. Само оние луѓе кои дома си имаат подготвувано слични производи знаат дека цените на нашите производи се многу реални, а не се ни повисоки од цените на белите пецива чија цена на чинење е далеку пониска.

СтрумицаНет: Како конкуренцијата на пазарот влијае на вашето работење?

Виолета: Конкуренцијата е голема, бидејќи во секој голем маркет има дел со здрава храна што не беше случај пред некоја година. Разликата е што таму нема некој што е заинтересиран и обучен да даде објаснување за производите, за што служат, како се приготвуваат, користат и слично. Додека, во нашата продавница освен производот ќе добиете информации за се што ве интересира околу него. Тоа е за конкуренцијата во трговскиот дел, што се однесува за производите што сами ги подготвуваме нескромно ќе ви кажам - немаме вистинска конкуренција. Би можеле да зборуваме за вистинска конкуренција ако сите работиме со исти квалитетни суровини со исти набавни цени. Тие суровини ние што ги користиме барем кај нас во Струмица, никој не ги користи. Ние во производствениот процес користиме хелдино, спелтино брашно, мед, рогач, цејлонски цимет, хималајска сол, киноа, просо, лешници, бадеми, ореви, маслиново масло, кокосово масло, какаово масло, кокосов шеќер. Секој што ги знае цените на овие продукти знае какви се трошоците и цената чинење на нашите производи. Не е исто да пробате производи од брашно кое чини 20 денари од килограм и брашно од 220 денари колиграм. Голема е разлигата, нели. Не е само во цената, уште поголема е разликата во квалитетот и бенефитот по здравјето на оној кој користи такви производи, но сепак секој сам одлучува за иста цена каков производ ќе одбере да јаде. Мене лично најмногу ме радуваше коментарот на луѓе кои доаѓаат од други градови, па и од други држави. Кога ќе слушнеме дека таков асортиман на здрави производи со таков состав нема ни во поголемите градови, знаеме дека сме на вистинскиот пат.

СтрумицаНет: А дали струмичани сакаат повеќе бели или здрави пецива?

Виолета: По мое мислење повеќето се љубители на бели пецива, но се повеќе ги има тие што предност дават на здравите производи. Јас лично немам некакви предрасуди околу тоа кој како се храни. Во мојот дом бел шеќер, бело брашно, бел ориз, бела сол, маргарин, паштети не се користат, но тоа не значи дека ако некаде на гости ме понудат со домашна кифличка од бело брашно ќе одбијам, сепак тоа е ретко.

СтрумицаНет: Што ќе им порачате на струмичани?

Виолета: Прво би сакала да им се заблагодарам од се срце на сите оние што се секојдневно со нас, на сите оние што веруваат во нас и нашето работење, што ги сакаат нашите производи. Верувајте, без нив и нивната поддршка немаше да издржиме, само тие ни дават поттик и желба уште повеќе да се трудиме и нема да ги изневериме, им ветувам. Би им препорачала на сите да внимаваат повеќе на здравјето. Можеби се раѓаме со добро здравје, но ако не се грижиме доволно за него ќе се соочиме со здравствени проблеми, кои не се пријатни и не секогаш завршуваат добро. Сакам да кажам дека здравата исхрана не е моден тренд кој ќе помине, здравата исхрана е стил на живеење, се гради постепено, но тоа е единствен начин да бидеме здрави, да мислиме и делуваме позитивно, а со тоа и бидеме среќни, бидејќи само здрав човек е среќен човек.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска во болницата во Струмица хуманитарна организација од Австрија достави полн шлепер со медицинска опрема

Денеска во болницата во Струмица хуманитарна организација од…

Јун 04, 2020 Вести

Шлепер со медицинска опрема на транспортната компанија „Зиго-Шпед“ од Радовиш, денеска во струмичката болница донесе донација од Австрија испратена од...

Пазарите во Струмица во сабота ќе работат од 6 до 14 часот

Пазарите во Струмица во сабота ќе работат од 6 до 14 часот

Јун 04, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека зелените пазари ТЦ „Глобал“, „Чешел“ и „Кантон“ во петок ќе бидат затворени, а во сабота „Чешел“ и „Кант...

Струмичката полиција ќе ги зачести контролите, апелираат до угостителите, маркетите и граѓаните да ги почитуваат протоколите и мерките

Струмичката полиција ќе ги зачести контролите, апелираат до …

Јун 04, 2020 Вести

Секторот за внатрешни работи Струмица, упатува апел до сопствениците на угостителски објекти и сопствениците на маркети строго да ги почитуват прецизн...

Денеска рекордни 120 новозаболени со коронавирусот, еден регистриран и во Струмица

Денеска рекордни 120 новозаболени со коронавирусот, еден рег…

Јун 04, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Најголема бројка досега на новозаразени со коронавирусот во државата во еден ден. Денеска се регистрирани 120 нови случаи, од кои еден и во Струмица, ...

На 10 јуни ќе се прска против комарци по земјен пат

На 10 јуни ќе се прска против комарци по земјен пат

Јун 04, 2020 Вести

Од Општина Струмица информираат дека на 10 јуни (среда) во периодот од 18:00 до 02:00 часот во општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село ќе с...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС три дена го прославува „големиот празник“ - денот кога ја презеле власта во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС три дена го прославува „големиот празник“ - …

Јун 03, 2020 Вести

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица со реакција на прес конференцијата на Марјан Даскаловски, претседател на струмичкото СДСМ. СДС три де...

„Комуналец“ во пресрет на празникот Задушница ги чистеше Градските гробишта

„Комуналец“ во пресрет на празникот Задушница ги чистеше Гра…

Јун 03, 2020 Вести

Екипи од повеќе единици на ЈПКД „Комуналец“ пред верскиот празник Задушница организираа акцијата за чистење и уредување на Градските гробишта во Струм...

Полицискиот час повторно на сила, во петок, сабота и недела се забранува посета на гробиштата, освен за погреби

Полицискиот час повторно на сила, во петок, сабота и недела …

Јун 03, 2020 Вести

Владата на Република Северна Македонија, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењ...