Северина од Струмица: Чувајте ми ја Македонија

Недела, 18 Август 2019

„Чувајте ми ја Македонија“. Вака го заврши двочасовниот концерт на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“ хрватската дива Северина која ја вжешти атмосферата на Струмичкиот плоштад со нејзините песни.

Пораката ја упати Северина задоволна од самата атмосфера каде илјадници присутни во глас ги пееја нејзините хитови. Таа и нејзиниот бенд ја пееја и легендарната песна „Македонија“ од Дадо Топиќ, но и „Македонско девојче“…

„Имам една желба… Чувајте ми ја Македонија“ – им рече Северина на публиката на преполнетиот плоштад. А публиката уживаше во „Отрове“, „Град без људи“, „Ајде злато мое“, „Гас, Гас“, „Штикла“, „Италиана“, пееше со неа…

Северина во Струмица дојде со нејзиниот сопруг, Игор Којиќ, кој ја испрати до сцената и го следеше нејзиниот настап, а одвреме навреме ја фотографираше и снимаше од својот мобилен.

Северина по втор пат е на „Струмица ОПЕН фестивал“. Првиот концерт го имаше во 2013 година.

Вечерва на големата сцена на Струмичкиот плоштад ќе настапат: „2 Бона” од 21:00 часот, Мирза Селимовиќ од 22:30 часот, а точно на полноќ на сцената ќе се појават Бијело Дугме со Горан Бреговиќ, Младен Војичиќ Тифа и Ален Исламовиќ.

ФОТОГАЛЕРИЈА 1

ФОТОГАЛЕРИЈА 2

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Новозаболен со ковид-19 во Струмица, во последните 24 часа 200 новозаболени во државата

Новозаболен со ковид-19 во Струмица, во последните 24 часа 2…

Авг 08, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа во Македонија, од направените 1828 тестирања, регистрирани се 200 нови лица позитивни на ковид-19, меѓу кои и едно лице во Струм...

СВР Струмица со детали за пожарот во Гечерлија во кој беше опожарена куќа и земјоделска површина

СВР Струмица со детали за пожарот во Гечерлија во кој беше о…

Авг 07, 2020 Вести

СВР Струмица денеска информираше за пожарот кој во средата попладне се случи во селото Гечерлија. Според информацијата, опожарена била куќа во изград...

И годинава по 57-ми пат ќе се одржи Струмичката ликовна колонија, но без странски уметници

И годинава по 57-ми пат ќе се одржи Струмичката ликовна коло…

Авг 07, 2020 Вести

Традиционалната меѓународна Струмичка ликовна колонија и годинава ќе се одржи, но без странските уметници, поради ситуацијата со пандемијата. Ќе учест...

Во Струмица во изминатото деноноќие наврнало најмногу дожд, 62 л/м², попладне невреме со силен ветер и појава на град

Во Струмица во изминатото деноноќие наврнало најмногу дожд, …

Авг 07, 2020 Вести

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Струмица, 62 л/м², во Прилеп 54, Скопје 50, П...

Кире Ричлиев го комплетираше стручниот штаб на ОК „ЏИО Струмица“

Кире Ричлиев го комплетираше стручниот штаб на ОК „ЏИО Струм…

Авг 07, 2020 Вести

Најдобриот тренер во македонската одбојкарска лига, струмичанецот Кире Ричлиев го продолжи договорот за соработка со ОК „ЏИО Струмица“. По потпишув...

Почнува „Струмица ОПЕН фестивал“, годинава со поинаква приказна

Почнува „Струмица ОПЕН фестивал“, годинава со поинаква прика…

Авг 06, 2020 Вести

Во недела започнува деветтото издание на „Струмица ОПЕН фестивал 2020“ и ќе трае до 3 септември. Ќе се реализираат 20 бесплатни настани распоредени во...

„Новус“ со средношколци од Струмица организираа волонтерски кампањи за подигање на свеста кај струмичани за одредени проблеми

„Новус“ со средношколци од Струмица организираа волонтерски …

Авг 06, 2020 Вести

Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица во рамките на проектот „Волонтерство – надеж за иднината“, кој е финансиран од Цивика Мобилитас, о...

Васил Гарванлиев објави „ПриКазна“, нова македонска песна со видео спот

Васил Гарванлиев објави „ПриКазна“, нова македонска песна со…

Авг 06, 2020 Магазин

Струмичанецот Васил Гарванлиев синоќа на неговиот официјален YouTube канал ја објави најновата песна и видеозапис за „ПриКазна“. Ова е негов втор про...