Струмичанецот Трајче Ѓоргиев запеја на фестивал во Молдавија, во октомври за прв пат и на „Макфест“

Понеделник, 15 Јули 2019

Прекрасниот вокал од Струмица, момчето кое го воодушевуваше Балканот за време на неговото учество на „Пинковите ѕвездички“, Трајче Ѓоргиев, настапи на фестивал на музиката и туризмот „Faces of Friends 2019“, кој од 14 до 16 јуни по 14-ти пат се одржа во Кахул, Молдавија.

Станува збор за интернационален фестивал на кој учествуваат пејачи од целиот свет, а Трајче беше единствениот од Македонија, кој настапи со две песни, една на македонски, „Во твојот свет“ од својата сограѓанка Александра Јанева и една песна на англиски јазик, односно со „Show must go on“ од групата Квин.

Трајче вели дека фестивалот е сличен како нашиот „Струмица ОПЕН фестивал“, на кој настапувале доста познати музички имиња од Молдавија и Романија, а тој таму отишол на покана на директорот на фестивалот „Езерски бисери“, Марјан Кароски.

Струмичанецот Трајче Ѓоргиев ни најави дека во моментот работи со еден од најдобрите продуценти во Македонија, Лазар Цветковски, подготвуваат две песни, од која едната кон крајот на август ќе биде снимена, а ни откри дека годинава, односно во октомври за прв пат ќе настапи на годинашното издание на фестивалот на македонска забавна музика „Макфест 2019“.

Во видеото погледнете го настапот на Трајче во Молдавија со песната „Во твојот свет“

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Јаневски: „Комуналец“ го раскина договорот со приватната фирма за собирање отпад

Јаневски: „Комуналец“ го раскина договорот со приватната фир…

Дек 10, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски на денешната прес конференција ја информираше јавноста дека договорот којшто ЈПКД „Комуналец“ го и...

Одбојкарите на ЏИО Струмица и Вардар почетниот удар на денешниот натпревар му го посветија на Дени Стојчев

Одбојкарите на ЏИО Струмица и Вардар почетниот удар на денеш…

Дек 09, 2019 Вести

Двата најдобри одбојкарски клубови „ЏИО Струмица“ и „Вардар“, денеска попладне се сретнаа во Спортската сала „Парк“ во Струмица во рамките на седмото ...

Струмица денеска тагува за младиот менаџер на „Далвина“ и поранешен одбојкар Дени Стојчев

Струмица денеска тагува за младиот менаџер на „Далвина“ и по…

Дек 09, 2019 Вести

Синоќа пред полноќ по кратко боледување почина 32-годишниот Дени Стојчев од Струмица. Струмичани го знаат како секогаш насмеaниот млад менаџер на Вина...

Четворица струмички спортисти номинирани за годинашниот избор на ФФМ - „Најдобрите во македонскиот фудбал“

Четворица струмички спортисти номинирани за годинашниот избо…

Дек 09, 2019 Вести

Фудбалската Федерација на Македонија и годинава ги избира „Најдобрите во македонскиот фудбал“ за сезона 2018/2019-та. По категории ќе бидат изберени ...

Со мултимедијалниот настан „А се' што на дар добивте, на дар го дадовте“ почна празнувањето во Струмица за Светите Петнаесет

Со мултимедијалниот настан „А се' што на дар добивте, на дар…

Дек 09, 2019 Вести

Синоќа во прекрасниот амбиент на храмот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица се одржа мултимедијалниот настан „А се' што на да...

И годинава Ансамблот „Тримери“ со Годишен концерт за своите струмичани

И годинава Ансамблот „Тримери“ со Годишен концерт за своите …

Дек 09, 2019 Настани

Ансамблот за народни игри и ора „Тримери“ од Струмица во сабота (14 декември) од 19:00 часот во големата сала на Домот на АРМ, ќе го одржи традиционал...

Триесеттина наставници и професори ќе пеат на сцената во Центарот за култура

Триесеттина наставници и професори ќе пеат на сцената во Цен…

Дек 08, 2019 Вести

Струмичани ќе имат можност да ги видат струмичките наставници и професори од основните и средните училишта на големата сцена во Центарот за култура, к...

„Распеани струмичани“ ќе пеат во среда во чест на патрониот празник на градот Струмица

„Распеани струмичани“ ќе пеат во среда во чест на патрониот …

Дек 08, 2019 Настани

На денот на заштитниците на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи Годишн...