Млади струмичани со освежување на локалната електронска музичка сцена

Среда, 10 Јули 2019

Младото диџеј и продуцентско дуо Бонев и Зилант заедно со веќе познатата Славица Ангелова од Струмица попладнево ја промовираа песната „Lost“. Песната припаѓа на електронската денс музика, а младите артисти на истата започнаа да работат од јануари годинава.

Вокалот на песната, струмичанката Славица Ангелова стана позната во јавноста откако настапуваше на познатото музичко шоу за тинејџери на ТВ Гранд, „Неки нови клинци“, како и на „The Voice of Bulgaria“.

Ова е прво заедничко издание на младите струмичани Димитар Бонев и Ѓорѓи Кренков - Зилант. Веќе е во план и втора песна, и тоа во соработка со добро познати артисти од регионот, вели дуото за Радио СтрумицаНет.

Бонев веќе е познат на локалната сцена и покрај настапите во Струмица има настапувано и во други градови во Македонија како и во Бугарија.

Песната „Lost“ има и свој видео запис снимен на повеќе локации во Струмица, дело на Митко Ников, а по сценарио на Мирјана Кирова, во кој како ликови се појавуваат младите Стефан Наков и Викторија Баџуков.

Песната може да ја слушнете и погледнете на следниот ЛИНК

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Жителите од неколку села во општината Босилово се без вода за пиење

Жителите од неколку села во општината Босилово се без вода з…

Сеп 18, 2019 Вести

Жителите од населените места Босилово, Турново, Секирник, Радово, Бориево, Еднокуќево и Робово во општина Босилово, денеска останаа без вода за пиење...

Лекарите и медицинскиот персонал во Струмица излегоа пред болницата на протест

Лекарите и медицинскиот персонал во Струмица излегоа пред бо…

Сеп 18, 2019 Вести

Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“, денеска од 11:00 до 11:30 часот пред „главната болница“ на ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица, ...

Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште

Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште

Сеп 18, 2019 Магазин

Под наслов „Роди ме мајко како Ѓурѓа, па фрли ме на буниште“, порталот „Слободен печат“ пишува за струмичанката Ѓурѓа Ѓоргиева од струмичкото село Ста...

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка во чест на професорот Илија Караманов

Во Струмица ќе се организира Меморијален турнир во одбојка в…

Сеп 17, 2019 Вести

Во Струмица на 21 и 22 септември ќе се организира Меѓународен турнир во одбојка за жени, во чест на професорот, поранешен одбојкар и тренер, кој почин...

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Никола Ѓоргиев: Ние сме репрезентација со толкави „муда“

Сеп 17, 2019 Вести

Словенија се домаќини, публика, еуфорија, аспирации за медал. А, ја праша ли некој Македонија? Го праша ли некој Никола Ѓоргиев? Го праша „ЕКИПА“ по ф...

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Словенците дома

Уште една историска победа - Македонците ги победија и Слове…

Сеп 17, 2019 Вести

Македонија има шанси за пласман во наредната рунда. Уште една историска победа на македонската одбојкарска репрезентација во Љубљана, по Белорусија ја...

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им помагаат на лица со попреченост

Петнаесет персонални асистенти ја поминаа обуката, ќе им пом…

Сеп 17, 2019 Вести

Услугата персонална асистенција од денеска во Струмица ќе ја нудат уште 15 нови лица на кои им се доделени сертификатите за персонална асистенција, от...

Инспекторите пишуваат казни, гумите во Костурино непречено горат

Инспекторите пишуваат казни, гумите во Костурино непречено г…

Сеп 17, 2019 Вести

Пожарот со високотоксични испарувања, во кој завчера гореа околу 300 автомобилски и камионски гуми во близина на струмичкото село Костурино, е најверо...