Корејската компанија „Nuga Medical“ отвори „Нуга Бест“ центар во Струмица

Среда, 16 Јануари 2019

Светски познатата компанија за производство на напредна медицинска опрема „Nuga Medicalод Сеул, Јужна Кореја, синоќа во Струмица отвори Центар за здравје „Нуга Бест“, кој се наоѓа на улицата „Панче Пешев“ број 26, во непосредна близина на Детската болница во Струмица.

Ова е втор „Нуга Бест“ центар во Македонија, после Скопје, кој постои веќе пет години, а вакви центри низ светот оваа компанија ги има околу 5500.

На официјалното отворање на центарот, благословен од Епископот Полјански Јаков, присуствуваше и претседателот на „Nuga Medical“ од Јужна Кореја, Јанг Чун Мо, истакнувајќи го своето задоволство што повторно е во Македонија, овој пат за прв пат и во градот Струмица.

Јас сум сигурен дека сите луѓе во Струмица ќе бидат среќни, а причината за тоа е производот којшто се нарекува N5, кој ќе го употребувате од утре. Тоа е најдобриот производ на Нуга Бест, светски производ кој е награден, најдобра класа во целиот свет од Кореја. Околу Македонија има уште многу држави со Нуга Бест центри, но не сите тие го имаат N5“ - истакна Јанг Чун Мо.

Тој на Тања Мицева, менаџер на „Нуга Бест“ центарот во Струмица и го предаде Сертификатот и овластувањето за управување со центарот во Струмица, како и менаџерскиот беџ, кој го имаат само овластените управители.

Нуга Бест“ - брендот на годината 2018-та, е посветен да го практикува духот на здравјето, љубовта и разновидната услуга за да придонесе за здравјето на човекот преку своите најдобри куќи низ целиот свет со својот вредно застапен производ и услуга за задоволство на клиентите.

Нуга Бест“ производите се класифицирани како напредна медицинска опрема. Производите ја користат модерната наука и технологија, овозможувајќи им на сите да имаат корист и од киропрактиката и од методите стари илјада години, методи за подобро здравје и превенција на болести.

Нуга Бест“ производите се сертифицирани како медицински уреди, но тоа не е само опрема што помага да се спречи болеста и сочува здравјето, тоа е исто така начин на живот. Редовната употреба на „Нуга Бест“ производите може да биде од голема помош за да се обноват заштитните механизми во телото.

Инаку од денеска до петок во „Нуга Бест“ центарот во Струмица сите граѓани ќе имаат можност на бесплатен третман со производите на „Nuga Medical“.

ФОТОГАЛЕРИЈА од отворањето >>>

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Непоразениот „Џио Струмица“ останува лидер на прволигашкиот шампионат

Непоразениот „Џио Струмица“ останува лидер на прволигашкиот …

Фев 23, 2019 Спорт

Моќните момци на ОК „Џио Струмица“ продолжуваат да бидат неприкосновени во својата игра. И денеска на свој терен славеа уште една победа над една од н...

„Џамбо Агушеви“ најпопуларен оркестар на „Златна Бубамара“

„Џамбо Агушеви“ најпопуларен оркестар на „Златна Бубамара“

Фев 22, 2019 Магазин

Оркестарот на Џамбо Агушев повторно избран за најпопуларен оркестар за изминатата 2018-та година на 22-то издание на мега-популарната манифестација „З...

Во Дабиле и Просениково се гради канализациона мрежа во должина од 16.181 метар

Во Дабиле и Просениково се гради канализациона мрежа во долж…

Фев 22, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, заедно со директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Ѓоргиев, денеска беа во Дабиле и Просениково каде...

Утре во „Партизан“: Џио Струмица против Универзитет Тетово

Утре во „Партизан“: Џио Струмица против Универзитет Тетово

Фев 22, 2019 Вести

Утре во Спортската сала „Партизан“ во Струмица, одбојкарите на „Џио Струмица“ ќе бидат домаќини на одбојкарите на „Универзитет Тетово“, тим кој по есе...

200 километри пеш до вечниот дом на претседателот Борис Трајковски

200 километри пеш до вечниот дом на претседателот Борис Трај…

Фев 22, 2019 Вести

Десеттина планинари од Струмица, Радовиш, Валандово и Неготино денеска од пред споменикот „Македонија“ во големиот Градски парк во Струмица, го започн...

Во недела по трет пат Струмичко дерби помеѓу Беласица и Академија Пандев

Во недела по трет пат Струмичко дерби помеѓу Беласица и Акад…

Фев 21, 2019 Вести

Во недела двата Струмички прволигашки клубови „Беласица“ и „Академија Пандев“ повторно ќе се соочат, овој пат на на стадионот „Младост“ во Струмица со...

Десеттина планинари утре пеш ќе тргнат кон вечниот дом на претседателот Борис Трајковски

Десеттина планинари утре пеш ќе тргнат кон вечниот дом на пр…

Фев 21, 2019 Вести

Десеттина планинари од Струмица, Радовиш, Валандово и Неготино утре (петок, 22 февруари), од пред споменикот „Македонија“ поставен во големиот Градски...

Во Струмица се одржа Инфо-сесија за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 2“

Во Струмица се одржа Инфо-сесија за јавниот повик „Предизвик…

Фев 21, 2019 Вести

Во просториите на на Домот на АРМ во Струмица се одржа четвртата Инфо-сесија за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 2“ на Фондот за иновации...