Денеска е спомен на Светите Петнаесет Тивериополски маченици

Вторник, 11 Декември 2018

Денеска е Св. Петнаесет Тивериополски маченици.

Од 15-те Тивериополски, т.е. Струмички маченици, четворица беа од Никеја. Еден од нив, Тимотеј, стана и епископ на Тивериопол. Друг, Теодор, веќе беше епископ и учествуваше на Првиот вселенски собор во 325 година. Кога овие четворица дојдоа во Тивериопол, со своите зборови и со чудата, кои се крилја на зборовите, многумина привлекоа кон Христа. Тоа се случуваше во времето на царот Јулијан Отпадникот, кој ги гонеше христијаните. Гласот за овие мажи стигна до Солун, па тамошните управници дојдоа во Тивериопол и ги погубија. Нивните мошти се покажаа чудотворни. Подоцна, бугарските цареви Михаил и Симеон пренесоа дел од моштите во Брегалница и ги положија во црквата што ја изградија во нивна чест. Другиот дел остана во Тивериопол, т.е. Струмица.

Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. Празникот на петнаесетте струмички свештеномаченици.
Меѓу македонските светители-маченци што ги празнува Македонската православна црква спаѓаат и Петнаесетте свештеномаченици од Тивериопол (Струмица). Во Службата за нив се вели дека преку нив стана сенародно просветлување на Тиверијците, а Христос им стана познат и на жителите на околината, дека градот Тивериопол и неговата околина од заблудата во идолите кон светлина ги одвеле и дека како сјајни ѕвезди и денес силно зрачат.
За време на владењето на императорот Јулијан Отстапник (361-363) е извршен страшен прогон на христијаните. Тогаш во целата Римска империја биле издадени посебни наредби и биле испратени луѓе да ги спроведуваат. Со тие заповеди секој што ќе се откажел од Христа добивал големи почести од царот, ако пак не сакал да се откаже од неговата вера и не сакал да им принесе жртви на паганските идоли требало да биде подложен на жестоки казни и мачења. Тогаш, пред ваквата опасност од Никеја побегнале во Солун, а оттаму во Тивериопол епископите Теодор и Тимотеј и монасите Комасиј и Евсебиј. Епископот Теодор бил и учесник на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. Во нивното житие се вели дека оставајќи го Солун се преселиле во Тивериопол што се наоѓал северно од Солун и тука нашле можност да го сеат словото на нашиот Господ Исус Христос во душите на побожните луѓе. Во нивната служба пак се вели дека „преку нив стана сенародното просветлување на Тиверијците, а Христос им стана познат и на жителите на околината“.

По пристигнувањето во Тивериопол ним им се придружиле месните свештеници Петар, Јован, Сергиј Никифор и Теодор (втори), ѓаконите Василиј и Тома, монасите Јеротеј, Харитон и Даниил како и еден мирјанин по име Сократ. За нивното прифаќање на христијанството разбрал и управителот на областа кој се наоѓал во Солун и кој веднаш презел мерки да бидат казнети. Ги фатил и погубил на 28 ноември (стар стил) 326 година. Откако егзекуторите си заминале добродушните христијани ги завиткале нивните тела во бели и чисти чаршави и според христијанските обичаи со ламбади и темјан ги погребале достоинствено, во Тивериопол, секој во посебен ковчег од камен, врз кој ги напишале имињата на мачениците со нивните чинови што ги имале според Христа. Бог ги дарил со чудотворна моќ, така што од нивните мошти многумина болни оздравеле.

Кога градот бил нападнат и разурнат од Аварите и гробовите на Петнаесетте свештеномаченици Тивериополски биле затрупани за подолго време. Но подоцна чудата што се случувале на тоа место го привлекле вниманието на населението, па нивните свети мошти биле откопани и погребани во новоизградената црква, подигната во нивна чест во градот Брегалница (не се знае каде се наоѓал). Во таа црква службата ја вршеле свештеници поставени од Св. Климент Охридски. Житието раскажува дека во тој храм во градот Брегалница поради спротивставувањето на струмичани, биле пренесени само моштите на тројцата маченици: Тимотеј, Комасиј и Евсебиј, а другите останале во Струмица. Подоцна и моштите на останатите биле пренесени во храмот.
Од сите краишта на Македонија, но и пошироко, народот доаѓал кај светите мошти на мачениците и барал помош. И се случиле многу чуда. Жена од Струмица што подолго време немала деца забременила по допир на раката на светиот маченик Петар, сакат граѓанин од Брегалница оздравел, исто така, по допирање на светите мошти, немо момче од Главеница проговорило, нем старец на Велигден откако ги целувал светите мошти проговорил „Господи помилуј“, парализиран човек оздравел итн.

Подоцна овој град доживеал катаклизма и бил срамнет со земјата, а настрадале и светите мошти на овие маченици. Останала само една рака за која се претпоставува дека е на Петар, којашто направила многу чуда и излечила многу болни. Потоа, по Балканските војни во 1913 година, некој ја однесол во Кукуш. Во Струмица останал само споменот за светите Петнаесет свештеномаченици чиј спомен месното население го празнува свечено на местото каде се претпоставува дека биле погубени и каде што се случиле многу чуда.
Во кругот на манастирскиот комплекс посветен на овие маченици има старо дрво – брест од чија кора посетителите земаат за да ги чува од разни несреќи. Се верува дека брестот израснал на местото каде што биле обезглавени мачениците. Преданието раскажува дека на местото каде што денес е црквата со придружните објекти порано било пусто место. Се знаело само дека тука се заклани некои светци – маченици. Црквата што ја граделе самите светители со векови била под земјата. Во 1923 година на некоја жена по име Афродита и се сонило дека 15 луѓе барат помош. Таа му го раскажала сонот на отецот Епименонда но тој и другите свештеници не поверувале во сонот. Тогаш таа му се обратила на генералот Мишковиќ кој со својата војска започнал да копа на тоа место. Кога нашле човечки коски го прекинале копањето и местото го вратиле во првобитната состојба. Тогаш населението, со камен од селото Вељуса, направило параклис во кој се молеле. Во него пишува: „Ова е за светите 15 Тивериополските маченици, посечени од паганскиот цар Јулијан Апостата, Амин“. Сегашната црква е изградена во седумдесеттите години на минатиот век, а во нејзина близина се наоѓа археолошко наоѓалиште од постариот период. Посетителите можат да забележат дека во централната гробница на ова наоѓалиште се наоѓа и фреска посветена на 15-те маченици која потекнува од 9 век.

Преданијата раскажуваат дека петнаесетте маченици се погубени во селото Куклиш. Таму бил нивниот гроб, некогаш по сон бил откриен и бил заграден со каменен ѕид. Бил покриен и тука стоела иконата. Тоа било некаде „тријесе и четрта“. Подоцна во „седумдесе и прва гудина“ било изградено манастирчето што и сега постои. „Тугај се напри ископ на гробо. Се пронајде парче од глава и парче од рака или нога, коска. Тукај мје крфта истечена, тук са масакрирани, тук са парчосувани, а са однесени, са закопани на периферијата на Струмица“. Оттогаш започнала традицијата што и сега се практикува на ден пред празникот, односно на 10 декември, да се раздава како на задуша. „… тук се излева секуја гудина, према утрешњоа ден, цело село излева тука со лепче и чиница и друго, а дуваѓат сите невести ут таа гудина шо са биле, со бели, невестински фустане. Тук се раздава како на мртвен за петнајсте свештеници. Тава је останато од времето и ду ден денеска си стое.“ Друго предание раскажува дека борци на Сремски фронт се зарекле ако останат живи да изградат манастир на тоа место. Така бил изграден овој манастир во селото Куклиш посветен на овие 15 маченици.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

На 24 јули во Струмичкиот регион ќе се изврши повторно прскање против комарци

На 24 јули во Струмичкиот регион ќе се изврши повторно прска…

Јул 16, 2019 Вести

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со осумте општини од регионот организира второ авио-третирање против комарци за оваа г...

Покрај езерцето се одржа Вечер на поезија со Владимир Мартиновски

Покрај езерцето се одржа Вечер на поезија со Владимир Мартин…

Јул 15, 2019 Вести

Вечерва во прекрасниот амбиент кај езерцето во големиот Градски парк во Струмица, во рамките на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“ се одржа традиционалната...

Струмичанецот Трајче Ѓоргиев запеја на фестивал во Молдавија, во октомври за прв пат и на „Макфест“

Струмичанецот Трајче Ѓоргиев запеја на фестивал во Молдавија…

Јул 15, 2019 Магазин

Прекрасниот вокал од Струмица, момчето кое го воодушевуваше Балканот за време на неговото учество на „Пинковите ѕвездички“, Трајче Ѓоргиев, настапи на...

За шест часа струмичката полиција казни 56 возачи за брзо возење

За шест часа струмичката полиција казни 56 возачи за брзо во…

Јул 15, 2019 Вести

Полициски служебници на СВР Струмица, вчера во периодот од 14:00 до 20:00 часот спровеле акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила...

ФОТО: Чисти и дезинфекцирани контејнери

ФОТО: Чисти и дезинфекцирани контејнери

Јул 15, 2019 Вести

Викендот екипи од ЈПКД „Комуналец” извршија поправка и дезинфекција на контејнерите за отпад во градот Струмица. Од комуналното претпријатие велат де...

Вечерва поезија со Владимир Мартиновски покрај езерцето во паркот

Вечерва поезија со Владимир Мартиновски покрај езерцето во п…

Јул 15, 2019 Вести

Вечерва во Струмица, со почеток од 21:00 часот, покрај езерцето во големиот Градски парк ќе се одржи традиционалната „Вечер на поезија“ од програмата ...

Од денеска стартува кампањата „Твоето незнаење чини живот“ за бесплатни курсеви на возачите

Од денеска стартува кампањата „Твоето незнаење чини живот“ з…

Јул 15, 2019 Вести

Црвениот крст на Македонија бесплатно ќе ги обучува граѓаните за укажување прва помош. Кампањата под мотото „Твоето незнаење чини живот“ наменета за ...

Една жена со тешки повреди во сообраќајка кај Банско

Една жена со тешки повреди во сообраќајка кај Банско

Јул 15, 2019 Вести

Вчера во 15:45 часот на крстосницата од локалните патишта за село Габрово - село Банско и село Муртино, струмичко, се случила сообраќајна незгода поме...