Седум години без легендата Гоце Арнаудов

Четврток, 06 Декември 2018

На денешен ден пред 7 години, (6 декември 2011), Македонија се прости со најголемата фолк ѕвезда... со секогаш насмеаниот, пријателски расположен за песна и дружба и секогаш подготвен да им помогне на сите... Гоце Арнаудов.

Неговите песни се пееја, се пејат и ќе се пејат, тој на секоја песна и даваше душа и ја пееше од душа и со неговата интерпретација беше и ќе остане незаменлив. Тој голем човек на македонскиот народ му го остави своето најголемо богатство, своите песни.

Една од последните негови песни е темата „Песно моја“ во која тој пее:

Песно моја биди жива

Кога мене ќе ме нема

Кога ќе се јавам јас пред Бога

Може лесно да ме бришат

Можат грешки да ми пишат

Но, сведок ти ќе останеш.

Без сомнение песните кои ги отпеа со многу љубов, ќе продолжат да живеат и ќе бидат сведок за еден голем човек и пејач со неверојатна енергија.

Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година. Уште на десетгодишна возраст почнува да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формира групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце се враќа во Македонија во 1993 година и за кратко време ги освојува симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествува предизвикува еуфорија, а речиси на сите фестивали ги освојува првите места.

Во 1994 година на Фолк Фест „Валандово“ со песната „Дали чекаш стара мајциче“ ги освојува сите можни награди, а таа песна сеуште е меѓу омилените фолк песни на македонската публика.

Тој зад себе остави 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Пет години е прогласуван за најпопуларната личност на Македонија. Учествата на фестивалот Фолк Фест „Валандово“ му донеле 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум.

Неколку пати станува сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач Никола Бадев на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно и гостуваше на публиката во Европа, Америка и Австралија. Учествува редовно и на добротворни концерти. Во 2000-та година во својот роден град Струмица, Гоце прави концерт на стадионот „Младост“ и собира 10.000 публика, а првите луѓе на градот му ја дават наградата „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и за почесен граѓанин на Струмица.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Одбојкарите на Струмица ја освоија и седмата Шампионска титула

Одбојкарите на Струмица ја освоија и седмата Шампионска титу…

Мај 23, 2019 Вести

Одбојкарите на „ЏИО Струмица“ уште една година ќе бидат на тронот во македонската одбојка, откако вечерва во салата „Парк“ во Струмица ја одбранија ти...

Товарно моторно возило со регистарски ознаки од Струмица удрило во моторциклист кај селото Другово

Товарно моторно возило со регистарски ознаки од Струмица удр…

Мај 23, 2019 Вести

28-годишен моторциклист почина во сообраќајната несреќа што се случи на патот Кичево-Охрид, кај селото Другово. Обвинителството информира дека во неср...

Струмичките клубови „Академија Пандев“ и „Беласица“ добија лиценца за Европа, „Вардар“ и „Победа“ извисија

Струмичките клубови „Академија Пандев“ и „Беласица“ добија л…

Мај 23, 2019 Вести

Двата прволигашки клубови од Струмица, ФК „Академија Пандев“ и ФК „Беласица“, добија лиценца за настап во Лигата на Европа следната сезона, информираа...

Заев ги разреши сите претседатели на Општинските организации на СДСМ

Заев ги разреши сите претседатели на Општинските организации…

Мај 23, 2019 Вести

Претседателот на СДСМ и актуелен премиер, Зоран Заев донел одлука за разрешување на сите претседатели на Општински организации на СДСМ, меѓу нив е и п...

Сообраќајка на патот Струмица – Дабиље, едно лице повредено

Сообраќајка на патот Струмица – Дабиље, едно лице повредено

Мај 23, 2019 Вести

Вчера околу 10:00 часот на патот од Струмица кон село Дабиље се случила сообракајна незгода помеѓу патничко возило „Пежо Експерт“ со скопски регистарс...

ВИДЕО/ФОТО: Пандевци со плех музика славеа на плоштадот во Струмица

ВИДЕО/ФОТО: Пандевци со плех музика славеа на плоштадот во С…

Мај 23, 2019 Вести

Ечеше плех музика на плоштадот во Струмица. Синоќа фудбалерите на „Академија Пандев“ го донесоа трофејот во Струмица, славеа на плоштадот и во „кафана...

Фудбалерите на „Академија Пандев“ КУП пехарот го носат во Струмица

Фудбалерите на „Академија Пандев“ КУП пехарот го носат во Ст…

Мај 22, 2019 Вести

ФК „Академија Пандев“ од Струмица е победник на 27-то финале во Купот на Македонија и за првпат по клупската историја го освои трофејот во најмасовнот...

ФИНАЛЕ НА КУПОТ: Академија Пандев по пехар за историја

ФИНАЛЕ НА КУПОТ: Академија Пандев по пехар за историја

Мај 22, 2019 Вести

Фудбалерите на ФК „Академија Пандев“ денеска против ФК „Македонија ЃП“ го игра првото КУП финале во својата историја. Натпреварот се игра на Националн...