Сократ Ефтимовски – боречки шампион во четири категории

Понеделник, 26 Ноември 2018

ОД РЕПОРТЕРСКИОТ БЕЛЕЖНИК НА ЗОРАН МИХАЈЛОВ: СЕРИЈАЛ ЗА ВЕЛИКАНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ (Нова Македонија)

Со името на Сократ Ефтимовски се врзани најголемите успеси на струмичкото борење. Тој практично продолжи по патот што неколку години порано го трасираа првите борачи во слободен стил од струмичкиот крај – Рамиз Тефиков и Неби Јусуфов. Како активен борач, Ефтимовски зад себе остави убава кариера, а потоа и како тренер забележа врвни резултати со БК Извор, со кој ја освои и екипната титула првак на Југославија.
„Мојата кариера почна случајно. Како ученик гледав боречки натпревари, но во ниту еден момент не помислував дека еден ден и јас ќе стапнам на душекот. Во периодот од 1963 до 1965 година во Струмица се појавија двајца боречки асови за кои зборуваше сета македонска спортска јавност – Тефиков и Јусуфов. Тие учествуваа и на најголемите светски приредби, а Тефиков беше четврти и на Европското првенство. Токму тоа влијаеше врз мене да почнам и јас да се борам“ – вели Ефтимовски.
Кога дојде во Скопје и се запиша во средното училиште за физичка култура, Ефтимовски имаше можност да одбира со кој спорт ќе се занимава. Тој се определи за борењето и се чини не згреши.

Уште од порано бев загреан за борењето и решив тоа да ми биде основниот спорт со кој ќе се занимавам. Ја имав и таа среќа што директор во училиштето беше еден од најпознатите тренери за борење, во тој период, Михо Илиевски. Откако на часовите по физичко тој виде дека имам афинитети кон борењето, веднаш ми препорача да почнам да тренирам. Оттогаш, практично, почна мојот живот како активен борач“ – вели Ефтимовски.

Преземено од „Нова Македонија“ >>>

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Непоразениот „Џио Струмица“ останува лидер на прволигашкиот шампионат

Непоразениот „Џио Струмица“ останува лидер на прволигашкиот …

Фев 23, 2019 Спорт

Моќните момци на ОК „Џио Струмица“ продолжуваат да бидат неприкосновени во својата игра. И денеска на свој терен славеа уште една победа над една од н...

„Џамбо Агушеви“ најпопуларен оркестар на „Златна Бубамара“

„Џамбо Агушеви“ најпопуларен оркестар на „Златна Бубамара“

Фев 22, 2019 Магазин

Оркестарот на Џамбо Агушев повторно избран за најпопуларен оркестар за изминатата 2018-та година на 22-то издание на мега-популарната манифестација „З...

Во Дабиле и Просениково се гради канализациона мрежа во должина од 16.181 метар

Во Дабиле и Просениково се гради канализациона мрежа во долж…

Фев 22, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, заедно со директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Ѓоргиев, денеска беа во Дабиле и Просениково каде...

Утре во „Партизан“: Џио Струмица против Универзитет Тетово

Утре во „Партизан“: Џио Струмица против Универзитет Тетово

Фев 22, 2019 Вести

Утре во Спортската сала „Партизан“ во Струмица, одбојкарите на „Џио Струмица“ ќе бидат домаќини на одбојкарите на „Универзитет Тетово“, тим кој по есе...

200 километри пеш до вечниот дом на претседателот Борис Трајковски

200 километри пеш до вечниот дом на претседателот Борис Трај…

Фев 22, 2019 Вести

Десеттина планинари од Струмица, Радовиш, Валандово и Неготино денеска од пред споменикот „Македонија“ во големиот Градски парк во Струмица, го започн...

Во недела по трет пат Струмичко дерби помеѓу Беласица и Академија Пандев

Во недела по трет пат Струмичко дерби помеѓу Беласица и Акад…

Фев 21, 2019 Вести

Во недела двата Струмички прволигашки клубови „Беласица“ и „Академија Пандев“ повторно ќе се соочат, овој пат на на стадионот „Младост“ во Струмица со...

Десеттина планинари утре пеш ќе тргнат кон вечниот дом на претседателот Борис Трајковски

Десеттина планинари утре пеш ќе тргнат кон вечниот дом на пр…

Фев 21, 2019 Вести

Десеттина планинари од Струмица, Радовиш, Валандово и Неготино утре (петок, 22 февруари), од пред споменикот „Македонија“ поставен во големиот Градски...

Во Струмица се одржа Инфо-сесија за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 2“

Во Струмица се одржа Инфо-сесија за јавниот повик „Предизвик…

Фев 21, 2019 Вести

Во просториите на на Домот на АРМ во Струмица се одржа четвртата Инфо-сесија за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 2“ на Фондот за иновации...