Кафе барот „Концепт“ од Струмица, како општествено одговорен правен субјект, во соработка со „Диа2“, се вклучи во хуманата акција за собирање на донации за лекување на 7-годишната Нина Димитриевска.
Овој кафе бар, кој претходно во рамките на акцијата на сметката на семејството донираше 20.000 денари, вчера организираше и „after Work Party“ за малата Нина.
Станува збор за четиричасовен период за кој „Концепт“ се откажа од сите наплатени средства од гостите кои уживале во локалот после работното време, односно од 16:00 до 20:00 часот. Целиот пазар од посетителите планира да го додели за потребното лекување на Нина на кои и се потребни 65.000 долари во САД.
Според информациите од „Концепт“ за четири часа посетителите направиле пазар од 42.000 денари со нарачаните пијалоци и кафиња, средства кои „Концепт“ ќе ги донира во понеделник на семејството.
Од овој кафе бар инфомираат дека и во иднина се планираат разновидни хумани акции, се со цел да се помогне на деца на кои им се потребни средства за лекување во странство, бидејќи како што велат, треба да постои врска и соработка меѓу фирмите и локалната заедница со цел да се поттикне општествената хумана одговорност на сите чинители.
.
.
Фев 17, 2019 Вести
Утрово во Струмица измерени -4°C, најстудено било во Берово -7°C, а максимални 2°C се измерени во Дојран. Времето денеска ќе биде претежно сончево со...
Фев 16, 2019 Вести
Девојките на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица доцна попладнево на домашен терен во спортската сала на „земјоделското“ ги надиграа одбојкарките на ОК „П...
Фев 16, 2019 Вести
Вчера околу 19:00 часот, 17-годишна девојка од селото Баница, кај Струмица се оддалечила од својот дом и не се вратила. Семејството ја барале, не ја п...
Фев 16, 2019 Вести
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во хотелот „Сириус“ во Струмица имаше работната средба со земјоделци...
Фев 15, 2019 Вести
Струмичка Беласица и официјално ги промовираше петте засилувања за пролетниот дел од сезоната, Душан Савиќ, Марио Маслаќ, Матеус Оливеира Да Силва, Ма...
Фев 15, 2019 Вести
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорот за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, директорот на Агенцијат...
Фев 15, 2019 Вести
Филип Трајановски е нов играч на ФК „Академија Пандев“. 19-годишниот централен дефанзивец и член на младинската репрезентација на Македонија ја засилу...
Фев 15, 2019 Вести
Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ започна со градежните активностите за поставување на ново улично осветлување на улицата „Младинска“ во гр...