1-ва годишнина од отворањето на Студио „ДАЦИ“ Струмица

Сабота, 04 Октомври 2014

На 3-ти октомври пред точно една година, кога беше свеченото отворање на едно од најексклузивните фризерски студија во Струмица, Драган Гоцев - Даци како еден од најмладите професионални фризери под ова поднебје, го најави неговото работење како ново освежување на модната бранша во Струмица.

На 3-ти октомври пред точно една година, кога беше свеченото отворање на едно од најексклузивните фризерски студија во Струмица, Драган Гоцев - Даци како еден од најмладите професионални фризери под ова поднебје, го најави неговото работење како ново освежување на модната бранша во Струмица. Денес тој момент изгледа со над 40.000 прегледи уште на првата фотосесија во студиото.

Изработка на над 70 невести за 2014-та година. Учество и реализација на над 20 фотосесии во 2013-та година. За него лично овој прв роденден претставува 1-ва година пред се на успешно работење.

 

„Задоволен број на клиенти кои секојдневно инсистираат да продолжам да работам понатаму. Огромниот број невести кои се препуштаат во мои раце за најважниот ден во нивниот живот, како и секојдневните пофалби за мојата работи кои ме инспирираат да работам“, вели Даци. Со близу 4.000-те обожователи на неговата Фејсбук фан-страница, Даци стои одговорно позади својата работа кон своите клиенти и обожаватели.

Креативноста е неговата силна страна, а за тоа доволно зборуваат 10-те видеа од цел негов креативен процес на избработка (фризура и шминка) во 2013-та година. Врз кои принципи ќе продолжи неговата успешна лична приказна, вели дека продолжува да работи како и досега, со максимално вложување и целосно оддаден на верните клиенти на Студио „Даци“, како и предизвик за останатите жени кои ги немаат сеуште користено услугите на „Даци“.

 

„Како што веќе се знае, се трудиме секоја жена која дошла во Студио Даци, да добие нега еднаква на Божица.

Така продолжуваме и оваа година“. Млад, амбизиозен и полн со ентузијазам, момче кој со синоќешниот роденден докажува дека доколку постои желбата, упорноста, и посветеноста, соништата се остваруваат.

Неговиот сон да има свое фризерско студио и да работи самостојно и независно веќе една година, се исполнува и живее во остварување на тој сон. А, за тоа која убавина ја поседуваат жените од Струмица, одговори: „После една година работење можам да речам дека струмичанките го држат приматот за најсредените жени во Македонија.

Навистина се грижат за тоа како изгледаат во секој дел од денот, неделата… Сакам да кажам дека навистина сум пресреќен од прифаќањето на струмичанките и им благодарам за нивната доверба и лојалност.

Ветувам дека ќе се потрудам и оваа година да го задржам ова ниво…“

 

Неговите први почетоци се во 2007-та година, во студио во Струмица каде го стекна првото искуство.

Во 2010-та година продолжил во средното фризерско училиште „Димитар Влахов“ во Скопје и во 2012-та продолжил на Школа за фризери во Софија, Бугарија, каде се здобил со меѓународно признание и Сертификат за мајстор фризер. Учествувал на повеќе натпревари во Скопје и надвор од државата, каде од светско здружение на фризери во 2012-та година добива признание за најдобар млад фризер.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Изборот на 15 јули е помеѓу силна економија – шанса за младите или шанса за ново богатење на ВМРО-ДПМНЕ и бркање на младите, вели Костадинов

Изборот на 15 јули е помеѓу силна економија – шанса за млади…

Јул 06, 2020 Избори 2020

Во изминатите три години реализиравме голем број на мерки и политики со кои ја зголемивме понудата на работни места и го олеснивме патот до прво врабо...

Ново име на македонска поп сцена – струмичанката Сања Димова со своето првенче „Знам да кажам не“

Ново име на македонска поп сцена – струмичанката Сања Димова…

Јул 05, 2020 Магазин

На македонската забавна музичка сцена се појавува ново име, 19-годишната струмичанка Сања Димова. Иако уште од мало дете е со музиката, живее во музич...

Се издава стан во центарот на Струмица

Се издава стан во центарот на Струмица

Јул 05, 2020 Веб Билборд

Се издава стан од 60 м² во центарот на Струмица, спроти малиот Градски парк. Подетални информации на: 072/250-200...

Заев: Покажавме дека можеме многу подобро од ВМРО-ДПМНЕ, кои знаат само да земаат од граѓаните

Заев: Покажавме дека можеме многу подобро од ВМРО-ДПМНЕ, кои…

Јул 05, 2020 Избори 2020

Време е за нови инвестиции, време е за нови иницијативи, за нови успеси на кои се обврзуваме и пред граѓаните и пред нашата економија, порача на прес-...

Актерот Стојан Велков Трн со молк протестира на плоштадот во Струмица, гневен на институциите околу изградба на рудникот кај Иловица

Актерот Стојан Велков Трн со молк протестира на плоштадот во…

Јул 05, 2020 Вести

Еден час, со транспарент во раката, со залепена уста, на плоштадот во Струмица, познатиот актер и еден од најгласните говорници против отворањето на р...

Едно лице во Струмица е регистриран како новозаразен со коронавирус, и денеска Скопје со најмногу заболени 64 лица

Едно лице во Струмица е регистриран како новозаразен со коро…

Јул 04, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 64, Тетово 16, Гостивар 9, Куманово 8, Стр...

Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што се спаѓа во домашни производи

Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домаш…

Јул 04, 2020 Вести

Со цел стимулирање на купување домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на COVID-19 кризата, домашната платежна кар...

Сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ се носители на Груевски, носители на режимот, вели кандидатот за пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов

Сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ се носители на Груевс…

Јул 04, 2020 Избори 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Костадин Костадинов вели дека сите носители на листите на В...