Хајленд - нов Центар за странски јазици во Струмица

Недела, 05 Октомври 2014

Синоќа со мала свеченост беше обележано започнувањето со работа на новиот Центар за интелектуални услуги, образование и советување „Хајленд“ во Струмица.
Иако центарот започна со бесплатните ориентациони часови уште пред неколку недели, јазичните курсеви официјално започнуваат оваа седмица.

Синоќа со мала свеченост беше обележано започнувањето со работа на новиот Центар за интелектуални услуги, образование и советување „Хајленд“ во Струмица.

Иако центарот започна со бесплатните ориентациони часови уште пред неколку недели, јазичните курсеви официјално започнуваат оваа седмица. Она што Хајленд ќе го понуди не се само класични курсеви, туку и помош во секакви ситуации каде што граѓаните се среќаваат со јазични бариери (помош при истражување и избор странски универзитет, аплицирање и кореспонденција со универзитетот, помош при пишување CV и мотивационо писмо, преводи), како и подготовки за полагање државна матура, специјализирани курсеви, судски преводи.

Интересно е тоа што од ноември под водство на академски уметник во Центарот ќе се одржуваат и креативни работилници, во кои деца на возраст од 4 до 12 години ќе можат да го развијат својот креативен потенцијал и да создадат свои уметнички изработки во различни стандардни техники, но врз несекојдневни материли за работа како на ткаенини, облека, платнени торбички, фолии и слично.

Целта на овие работилници ќе биде да допринесат за развојот на детската имагинација, слободна експерсија, креативност, сензитивност кон бои и форми, зајакнување на детската самодоверба. За малите креативци суштинско не е совладувањето на одредена техника или ликовна дисциплина, туку развивање на природните психофизички способности како апстрактно мислење, креативност, мануелни способности и визуелно-моторичка координација - велат професорите од „Хајленд“. Центарот за интелектуални услуги, образование и советување „Хајленд“ се наоѓа во централното градско подрачје, на Булеварот „Гоце Делчев“ 30, веднаш над „Киндерленд“.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Уапсени петмина струмичани поради шверц со мигранти

Уапсени петмина струмичани поради шверц со мигранти

Дек 13, 2019 Вести

Пет лица од струмичките села Муртино и Банско се лишени од слобода под сомневање дека се инволиврани во шверц со мигранти. Како што информират од СВР ...

Вечерва во Струмица Концерт на Intelligent Music project & Vrabevski Super band

Вечерва во Струмица Концерт на Intelligent Music project …

Дек 13, 2019 Магазин

Вечерва од 20:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица познатите интернационални музички состави од Бугарија Intelligent Music projec...

Пуштена во употреба Детската градинка во селото Куклиш

Пуштена во употреба Детската градинка во селото Куклиш

Дек 12, 2019 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска во селото Куклиш го пуштија во...

Прес конференција на Александар Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица

Прес конференција на Александар Донев, претседател на ОК на …

Дек 12, 2019 Вести

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Александар Донев и денеска одржа прес конференција, упатувајќи неколку прашања до град...

Концерт на Ленче и Горан Кукиќ со Јупитер за градот во чест на Светите Петнаесет

Концерт на Ленче и Горан Кукиќ со Јупитер за градот во чест …

Дек 12, 2019 Магазин

Вечерва завршуваат активностите по повод патрониот празник на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици со концерт на Ленче и ...

ЕКСКЛУЗИВНО: Комплексот „Цареви кули“ ќе прерасне во Дом и Дневен центар за стари лица

ЕКСКЛУЗИВНО: Комплексот „Цареви кули“ ќе прерасне во Дом и Д…

Дек 12, 2019 Вести

Струмица ќе го добие првиот Дом за стари лица. Познатиот угостителски комплекс „Цареви кули“ над Струмица се реновира во Дневен центар за стари лица, ...

Кај Василево откриени 30 мигранти од Авганистан

Кај Василево откриени 30 мигранти од Авганистан

Дек 12, 2019 Вести

Во Индустриската зона кај Василево вчера околу 18:00 часот е лишен од слобода М.О. (41) од скопско Зелениково, во чие товарно моторно возило полицијат...

Младиот Никола Секулов постигна гол за Јувентус во Младинската лига на УЕФА

Младиот Никола Секулов постигна гол за Јувентус во Младинска…

Дек 11, 2019 Вести

Тимот на Јувентус до 19 години изминатите месеци учествува на Младинската лига на УЕФА, а во екипата на „старата дама“ игра и Никола Секулов, по потек...