Од синоќа во елитниот ресторан „Космополит“, кој се наоѓа кај езерцето во Градскиот парк во Струмица, започнаа ноќните „живи свирки“ со дел од Струмичката естрада.
Како што велат од „Космополит“ вакво ноќно дружење со „нашите“ пејачи и музичари ќе има секоја среда после 21 часот, а првата „свирка“ синоќа беше со групата „Јупитер“, во кои уживаа гостите со богатиот репертоар на разновиден жарн музика, домашна и странска, народна, поп, рок... и прекрасните вокали на Ленче и Горан Кукиќ.
Следната среда, таму ќе бидат групата „Интервали“. Тие и синоќа беа таму, но како гости, и како што вели Снежана од „Интервали“, за прв пат доаѓам во овој прекрасен амбиент, вечерва да уживаме во музиката на „Јупитер“, а се надеваме дека следната среда струмичани во голем број ќе уживаат во нашата музика. На 5-ти ноември ноќните „живи свирки“ ќе продолжат со Благица Калева и групата „Модус“.