Новиот Volkswagen T-Roc во салонот „АБ Ауто“ во Струмица

Недела, 28 Јануари 2018

Само неколку месеци по официјалното претставување, во овластениот продажен салон на Volkswagen во Струмица „АБ Ауто“, пристигна новиот Volkswagen T-Roc.

Станува збор за автомобил кој плени со својата елеганција, моќност, дизајн и преставува спој, односно дели платформата со Volkswagen Golf и поголемиот Tiguan.

Volkswagen Т-Roc може да се добие во различни турбо-бензински и турбодизел мотори, како и со мануелен или автоматски DSG менувач со двојна спојка и погон на предните или на сите четири тркала.

Цените за T-Roc започнуваат од 19.987 евра за основно ниво на опрема, со мануелен менувач, погон на предните тркала и 1-литарски TSI турбо-бензинец со 115 коњски сили.

Врв на понудата е T-Roc Sport со DSG менувач, погон на сите четири тркала и 2-литарски TDI турбодизел со 150 коњски сили кој чини 31.861 евро.

Инаку, T-Roc може да се нарача и со 1.5-литарски TSI Evo со 150 коњски сили, како и 1.6-литарски TDI со 115 коњски сили.

Со оглед на високиот квалитет споен со последниот збор на автомобилската технологија, но и пристапните цени, T-Roc  се очекува да станат хит на македонскиот пазар.

T-Roc го одликува храбар дизајн во однос на неговите поголеми браќа, а може да се добие во неколку различни комбинации од бои. Се надеваме дека ќе имаме можност подобро да го запознаеме.

Во овластениот продажен салон „АБ Ауто“ во Струмица, кој се наоѓа спроти „Жито Струмица“, на улицата „Гоце Делчев“ број 107, освен овие два модели може да видите и други од семејството Volkswagen и да закажете тест возење со нив.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен концерт на отворено

Националниот ансамбл „Танец“ во Струмица одржа спектакуларен…

Јул 24, 2021 Вести

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ – подвижниот музеј на Македонија, репрезентот на македонското фолклорно богатство, орото, песната...

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Софилар

ИЗВЕСТУВАЊЕ од Општина Струмица до жителите на населбата Соф…

Јул 23, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Општина Струмица апелира до граѓаните од населбата Софилар да одговорат на повикот од Управата за имотно правни работи – Министерство за финансии, за ...

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Банско

Теренската вакцинација утре ќе се реализира во Габрово и Бан…

Јул 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

По денешната теренска вакцинација во Муртино, утре (петок, 23 јули), тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица ќе биде во селата Габрово и Банско. Жител...

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станови во Струмица во понеделник во Дом на АРМ

Јавен повик за електронска распределба на социјалните станов…

Јул 22, 2021 Најава

Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за  распределување на 37 социјални станови во општина Струмица, во станбена згра...

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“, „Климент Охридски“, „Ленинова“, Софилар

Утре прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Се…

Јул 22, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 23 јули), од 14:00 до 14:30 часот ќе има прекин на електричната енергија во Струмица: И...

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Фејсбук

Мажи од Струмица биле измамени на видео комуникација преку Ф…

Јул 21, 2021 Вести

Мажи од Струмица се уценувани со експлицитни видеа и фотографии.  Лажни профили на Фејсбук, претставувајќи се како млади девојки на возраст од 25 до ...

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, планираните средства се уште не се потрошени

До денеска 87 граѓани поднеле барање за субвенционирање на н…

Јул 21, 2021 Вести

По објавувањето на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување велосипеди во 2021 година, до денеска се поднесени вк...

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират против Ковид-19, медицински тим ќе биде во нивното село

Жителите на Дабиље и Сачево утре ќе можат да се вакцинират п…

Јул 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица утре (среда, 21 јули), ќе ја реализира теренската вакцинација во селата Дабиље и Сачево. Жителите на Дабиље ут...