Маслото за јадење „Бисер“ на струмичката компанија „АЛ-МАКС“, добитник на повеќе признанија и награди за квалитет, ќе го освојува арапскиот пазар.
Според информациите, најпродаваното масло за јадење во Македонија „Бисер“, кое досега се извезуваше на пазарите во Србија, Косово и Албанија, почна да се извезува и во Катар. Ова вест ја потврдија и од компанијата „АЛ-МАКС“, која функционира веќе 19 години и според нив, ова е одлична можност да се пробива и освојува арапскиот пазар со брендот „Бисер“.
Маслото за јадење „Бисер“ кое со своите каректеристики е признаено од голем број кулинари и гастрономи, беше дел и од вториот интернационален гастрономски натпревар што се одржа во Струмица, а на кој присуствуваа над 300 готвачи од целиот свет. Сите тие готвеа со маслото „Бисер“ и го потврдија квалитетот, како при подготовка на готвените јадења, така и за свежи салати.
„Ова масло му дава посебен вкус на секое јадење, што говори за одличниот квалитет“ - коментираа не само готвачите, туку и судиите кои ги оценуваа специјалитетите подготвени со „Бисер“.
Инаку, според информациите во наредниот период маслото за јадење „Бисер“ на Рафинеријата за масло „АЛ-МАКС“ Струмица, ќе се продава и на пазарот во соседна Грција, за што се преговара со одредени дистрибутери.
.
.
Јан 21, 2021 Вести
Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов е разрешен од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филип...
Јан 20, 2021 Магазин
Македонската радио телевизија објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија. „Според јасно утврдените правила од...
Јан 20, 2021 Вести
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...
Јан 20, 2021 Вести
Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...
Јан 20, 2021 Магазин
Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...
Јан 19, 2021 Вести
На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...
Јан 19, 2021 Веб Билборд
Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...
Јан 19, 2021 Магазин
Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...
Error: No articles to display