ГРОЗД ги освои светските дегустатори со своите вина во Австрија и доби повеќе медали за квалитет

Среда, 01 Ноември 2017

Струмички „Грозд“ го привлече вниманието на светските винарии, откако на AWC натпреварот за дегустација на вино во Виена, Австрија, освои неколку медали за најдобар квалитет.

Ова компанија со виното „Grozd Cabernet Sauvignon“ го освои златниот медел во својата категорија на овој престижен натпревар, каде конкурираа 12.615 вина од 40 држави од светот.

АД „Грозд“ Струмица во ова силна конкуренција освои и два сребрени медали и тоа со новите брендирани вина „Grozd Merlot“ и „Grozd Syrah“, произведени од истоимените сорти винско грозје од плантажите на „Струмичко поле“.

AWC натпреварот во Виена е светски Саем на вина, каде дегустаторите по принципот „слеп“ систем ги дегустираат вината и одлучуваат според највисоките стандарди за квалитет, базирајќи се на арома, вкус, мирис, чистота и јачина на самото вино.

Токму врз основа на овие критериуми, вината на струмички „Грозд“ ги посочија како најдобри и беа предложени за консумација за љубителите на вина.

Овие медали се само потврда за долгогодишниот труд и работа на „Грозд“, кој секогаш се става на страната на потрошувачите за да ги задоволи нивните потреби и вкусови.

Ова компанија заедно со винарската визба „Струмичко поле“, секогаш работат на квалитетно свое производство на вински сорти грозје, од кое пак ги произведува одлични и квалитетни вина и тоа се во интерес на своите потрошувачи.

Инаку вината на струмички „Грозд“ се добитници на повеќе награди и медали во земјава и странство и со својот квалитет се доста барани не само на европските пазари, туку и во прекуокеанските држави.

 

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Реп…

Сеп 25, 2020 Вести

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“. Општината Струмица најпрво ги започна градежните активности за решавање на пробле...

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови случаи

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови с…

Сеп 25, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 1504 тестирања, регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19, меѓу кои ...

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку Филтер станицата ќе имат прекин на водоснабдувањето од 6 до 17 часот

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека утре (петок, 25 септември), поради чистење на резервоарите на Филтер станицата „Иловица“, ќе има преки...

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на Буџетот за тековната 2020 година

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на …

Сеп 24, 2020 Вести

Денеска се одржа 39-та седница на Советот на општина Струмица на која што беше усвоена предлог-одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина ...

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во Струмица, денеска 14 нови случаи

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19, најмногу во Скопје 58 лица, па следува Струмица со 1...

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна презентација

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна …

Сеп 24, 2020 Вести

Јавното претпријатие за државни патишта ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, спој со А1 во должина од 25 километри. Во петок, 25 септември, с...

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира во Уметничка галерија

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира в…

Сеп 23, 2020 Вести

Започна со реализација проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се врши на просторот под градскиот плош...

Утре од 09:30 до 12:00 часот прекин на електричната енергија во Добрејци

Утре од 09:30 до 12:00 часот прекин на електричната енергија…

Сеп 23, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 24 септември), од 09:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат жителите и...