Испечатете ја страната

Лидерскиот бизнис модел на AVON ги охрабрува жените со големи соништа да ги преточат во реалност

Четврток, 26 Октомври 2017

AVON е компанија која создава многу повеќе од козметика: создава палета полна со убави можности за дамите. Со AVON можете да добиете перспектива за повисоки примања, која совршено ќе ги задоволи Вашите потреби и Вашите амбиции.

Една од тие можности е и Лидерството, преку кое ја имате шансата за сопствен бизнис во кој сами ќе ги дефинирате сопствените правила и цели и ќе бидете горди од личната независност и постигнувања.

Слободното време и страста за просперитет ќе бидат единствената почетна инвестиција која ќе Ви биде потребна. Ние ќе бидеме покрај Вас  во предизвикот да ги искачите и највисоките планини. А спектакуларните попусти, подароците и патувања се само дел од привилегиите, кои секој што е дел од AVON може да ги добива.

Елена Зетова, Регионалниот менаџер за продажба за Струмица, ќе го сподели своето работно искуство од долгогодишното работење и градење на успешни лидери во сопствениот тим.

- Кои се позициите кои ги нуди AVON преку својот Лидерски бизнис модел?

ЗЕТОВА: Првата позиција која ја нудиме е AVON претставник, можност за „он лине“ порачување на производи, соодветна заштеда од истите и подароци во вид на производи. Додека Бизнис моделот кој нуди континуирана заработка, развој и кариера ги опфака двете позициите на Координатор и Менаџер.

- Што значи да се биде Координатор?

ЗЕТОВА: Позицијата Координатор, најчесто ја избираат дамите кои во AVON гледаат како на свое хоби, кои од една страна ги носи поблиску до производи за убавина, а од друга си обезбедуваат континуиран приход. Бенифициите кои ги имаат истите се многубрjони. Пред се, се дел од светска компанија, добиваат бесплатни обуки за развој на продажни вештини, бесплатни материјали за работа, имаат канцеларија на располагање, конференции, 17 провизии и најмалку 8 Бонуси годишно. Оваа е позиција која се достигнува за една работна кампања или за само 3 недели со 1 до 2 работни часа дневно. Времето за работа си го менаџираат самите координатори. Заработката  која ја добиваат е во просек 3000 денари со вложен само 1 час работа на ден. Има и такви дами на кои ова хоби со само 2 часа на ден им носи заработка по 12.000 денари за 3 недели.

- Што нудат Менаџерските позиции во AVON?

ЗЕТОВА: Втората опција во бизнис моделот се Менаџерски позиции. Ги имаме 3: Јуниор Менаџер, Сениор Менаџер и Бизнис Менаџер. Секоја наредна е унапредуванње во однос на претходната и носи сопствена одговорност и заработка за се поголем тим. Овие позиции се наменети за  дами кои сакаат да изградат сопствен бизнис, кариера, да се надградуваат себеси, имаат поголеми цели во животот и се амбицираат да заработуваат повеќе. Јуниор Менаџер е позиција која може да се достигне за период од 3 до 6 месеци со вложено време од максимум 3 часа дневно. Самата позиција ужива повисоки привилегии од страна на компанијата меѓу кои се: сигурно присуство на квартални, годишни конференции и Гала вечери. Повисоки бонуси и можност за Вип патувања на најразлични дестинации. Овие луѓе имаат привилегија и за стекнување сертификати за менаџерски вештини, кои компанијата ги финансира, како и дополнителна поддршка во материјали. Просечната заработка на 3 недели кај Јуниор Менаџер е околу 15.000 денари. Како Зонален Менаџер на тим од 70 Лидери, горда сум што 15% од нив се токму со оваа Титула и со истите активно се работи за достигнување на следната. Останатите две Менаџерски позиции се Сениор и Бизнис Менаџер. Секој што ја достигнал позицијата на Јуниор Менаџер се стреми кон следна титула, а тоа е Сениор Менаџер. Самата позиција наложува поголем ангажман во текот на денот од 4 до 5 часа додека заработката два до три пати поголема од претходната позиција. Ова е првата позиција која добива дополнителна привилегија за развој на напредни менаџерски вештини преку индивидуални процеси на Feedback i Coucing, а со тоа и стекнување на сетрификат за Coach. И за крај останува позицијата на Бизнис Менаџер, која  ја ужива целата поддршка од страна на Компанијата за развој на сопствен бизнис. Истите вложуваат 6 до 8 часа на ден за развој на сопствен бизнис, при што заработката им е 60.000 до 80.000 на 3 недели, а времето потребно да се достигне до истата е околу 2 години.

Која е вашата препорака?

ЗЕТОВА: Ги охрабрувам жените и девојките од мојот регион кои имаат големи соништа и за истите имаат време да ги преточат во реалност, да се обратат во мојата регионална канцеларија во Струмица на улицата „Гоце Делчев“ број 26, секој работен ден од 11:00 до 17:00 часот за заедно да зачекориме по нова патека, која ќе им го промени животот. И најдолгиот пат започнува со првиот чекор, тоа е мојата најголема препорака до сите...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Борките“ од Струмица дел од хуманитарната манифестација „Напред Розово“

„Борките“ од Струмица дел од хуманитарната манифестација „На…

Сеп 26, 2021 Вести

Здружението „Борка - за секој нов ден“ денеска во Струмица организираше настан „Race for the Cure“, во рамките на 13-то издание на хуманитарната маниф...

Од 1 декември стартува со работа новоформираното Јавното претпријатие за грижа и заштита на бездомните животни

Од 1 декември стартува со работа новоформираното Јавното пре…

Сеп 26, 2021 Вести

Од 1 декември новоформираното Јавното претпријатие „Астра Луна“ во Струмица ќе започне со секојдневни активности за грижа и заштита на бездомните живо...

Гореше нискостеблеста шума кај Вељуса

Гореше нискостеблеста шума кај Вељуса

Сеп 26, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица денеска интервенирала во атарот на селото Ваељуса, каде гореше нискостеблеста шума. Интервенирале 13 пожарникари с...

Премиерот Заев со семејството ја исполнија граѓанската должност и се попишаа на Пописот 2021

Премиерот Заев со семејството ја исполнија граѓанската должн…

Сеп 26, 2021 Вести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската долж...

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се обврзаа дека кампањата ќе ја водат во духот на демократијата

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се о…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

И кандидатите за градоначалник на општина Василево, Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Јанев од СДСМ го потпишаа Кодексот за фер и демократски избор...

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник на општина Босилово го потпишаа Кондексот за фер и демократски избори

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник н…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Зоран Зимбаков од СДСМ и Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, кандидати за градоначалник на општина Босилово се обврзаа дека за време на предизборната кампања...

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа К…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Ново Село, Ѓорги Божинов од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ, денеска го потпишаа Кодексот за фер и ...

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не се попишани сами ќе можат да го направат тоа во општината

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не с…

Сеп 24, 2021 Вести

Заклучно до денеска до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435 илјади домаќинства и над 600 илјади станови, а се самопопишани 195.47...