Вклучете се во Еразмус+ програмата: Сподели љубов, волонтирај

Недела, 13 Ноември 2016

Од Младински Сенат Струмица ги охрабруваат сите млади да земат учество и да ги користат бесценетите можности на Еразмус+ програмата

Во рамките на Еразмус+ програмата, во месец октомври Младински Сенат Струмица, кој постои веќе 7 години и учествувал во повеќе од 50 меѓународни проекти на кои има испратено повеќе од 250 млади од Струмица и струмичкиот регион во 20-тина земји, учествуваше на проект - младинска размена организирана од страна на својата сестринска организација во Естонија, Младински Сенат Талин.

 

Насловот на одржаната младинска размена е „The Science of Boomerang”, и беше на тема волонтерство. Учество во овој проект земаа 50 млади луѓе од 10 земји во Европа (Естонија, Литванија, Германија, Австрија, Словенија, Полска, Турција, Португалија, Унгарија и Македонија).

 

Преку многубројни активности, учесниците споделија свои искуства, мислења и ги проширија своите знаења на тема волонтерство. Некои од земјите учесници имаат поголема стапка на волонтеризам во својата земја, додека некои помалку, па така со сопствени презентации и статистики успејаа да постигнат доволно свесност за тоа колку волонтерството е важна тема за развојот на едно општество и надоградување на самите нас како индивидуи.

 

 

„Како што се приближуваше крајот на младинската размена, сеуште бевме во недвоумица, зошто бумеранг и како тоа е поврзано со волонтерството. Како дел од завршните активности, целата група од педесеттина луѓе бевме поделени во тимови. Некои од нас волонтираа во Шелтер центри за грижа за животни, други во спортски клуб, подигање на свеста за спортски дух, а останатите во Младински центар каде што се работеше со деца на возраст од 8 до 12 години“ - велат од Младински Сенат Струмица.

 

По оваа активност, педесеттината луѓе се собрале во центарот на стариот град во Талин и организирале флеш моб со кој го изразија ставот за тоа колку треба да биде инкорпорирано волонтерството меѓу сите нас се со цел да се развиваат норми на солидарност и реципроцитет, кои се неопходни за една стабилна заедница.

 

Настанот постигнал голем успех со тоа што луѓето биле воодушевени од инволвираноста на толку млади луѓе за одредена причина и цел и притоа во живо се пренесуваше за случувањата на социјалните мрежи, користејќи го хаштагот #voluncare.

 

По сите завршени активности, велат од Младински Сенат Струмица, сфативме зошто младинската размена беше наречена „The Science of Boomerang”. Присетувајќи се на насмевките на лицата на учесниците, радоста кај малите деца, се виде дека тоа не е случајно, туку тоа беше бумерангот на волонтерството кој беше фрлен на почетокот од младинската размена и на крајот се врати назад уште помоќен отколку што очекувавме.

 

Од Младински Сенат Струмица ги охрабруваат сите млади да земат учество и да ги користат бесценетите можности на Еразмус+ програмата.

 

Повеќе информации можете да најдете на следните линкови:

https://www.facebook.com/YouthSenateStrumica/?fref=ts

https://www.facebook.com/YouthSenateTallinn/?fref=ts

 

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска Струмица со пет новозаразени лица со Ковид-19

Денеска Струмица со пет новозаразени лица со Ковид-19

Авг 01, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 5.759 тестирања, регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19, од кои 5 ...

Запалена сува трева кај Просениково, пожарот зафатил и објект

Запалена сува трева кај Просениково, пожарот зафатил и објек…

Авг 01, 2021 Вести

Противпожарната единица на Струмица информира дека утринава во 08:47 часот интервенирале со две противпожарни возила и пет пожарникари во атарот на се...

Пунктот за вакцинација во салата на ООУ„ Никола Вапцаров“ нема да се затвора, теренска вакцинација и за втората доза во селата

Пунктот за вакцинација во салата на ООУ„ Никола Вапцаров“ не…

Авг 01, 2021 Вести

Од ЈЗУ „Здравствен дом“ во Струмица информираат дека поради се поголемиот интерес за вакцинација, пунктот во спортската сала на училиштето „Никола Вап...

Прва изложба на креаторката Данче Лазарова - Морето како инспирација за модните дизајни

Прва изложба на креаторката Данче Лазарова - Морето како инс…

Авг 01, 2021 Вести

Младата креаторка од Струмица, Данче Лазарова, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ја постави својата прва изложба со модни креации. Инс...

Во „pop-up продавницата“ со промовирање на био-базирани производи се одржа и работилница за развој на биоекономијата

Во „pop-up продавницата“ со промовирање на био-базирани прои…

Авг 01, 2021 Вести

На вториот ден од отвoрањето на био-базираната pop-up продавница во Струмица, струмичани имаа можност да бидат дел од работилницата каде се дискутираш...

„Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица вработува

„Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица вработува

Авг 01, 2021 Веб Билборд

Поради зголемен обем на работа „Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица има потреба од девојка за работа. Повеќе информации и пријавување на: 071/420-255...

Струмичанката Славица Кутиров ќе раководи со Царинската управа

Струмичанката Славица Кутиров ќе раководи со Царинската упра…

Јул 31, 2021 Вести

Струмичанката Славица Кутиров ја презема директорската функција во Царинската управа од досегашниот в.д. директор Горан Сугарески. Таа досега беше зам...

Уште еден новозаразен со Ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 81 нов случај

Уште еден новозаразен со Ковид-19 во Струмица, во Македонија…

Јул 31, 2021 Вести

Во последните 24 часа од направените 5.315 тестирања, регистрирани се 81 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 27 Тетово – 25 Куманово – 9 Гостивар –...