За сите урбани велосипедисти – „Производ на денот”

Вторник, 09 Август 2016

„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори чија цел е да го модернизираaт образованието

„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори чија цел е да го модернизираaт образованието.

 

Велосипедот повторно стана едно од омилените превозни средства на луѓето во последните години. Oд 2003 година се произведени повеќе од една милијарда велосипеди што е двојно повеќе од бројот на автомобили произведени во истиот период. Функционално и удобно превозно средство кое е вистинско решение за избегнувањето на сообраќајниот хаос во урбаните средини.

 

CycleLabs е група на велосипедисти-иноватори кои сакаат возењето на велосипед во урбаните средини да го издигнат на едно сосема ново, повисоко ниво. Добро познавајќи ги проблемите на велосипедистите тие ни го преставуваат својот производ SmartHalо кој урбаниот велосипедизам го прави побрз и побезбеден од било кога. Навигација е основната функција на овој нов производ.

 

Го поврзувате SmartHalo со вашиот паметен телефон, ја внесувате локацијата до каде треба да стигнете во апликацијата и тој ви ја покажува најкратката и најбезбедната рута. Со помош на спектар на бои ви го покажува правецот во кој треба да се движите на црната кружна основа, се со цел што помалку да и пречи на вашата концентрација при возењето.

 

SmartHalo автоматски ја следи брзината со која возите, должината на патот што сте го поминале, колку време возите, надморската височина која сте ја совладале и колку калории сте согориле при возењето. Покрај тоа што SmartHalo ви дава информација за точната локација во секој момент тој исто така ја памти и точната локација каде е паркиран вашиот велосипед и во случај да заборавите ве известува преку порака. Најдобро од се е што овој продукт е толку паметен што самиот знае кога треба да се вклучи и кога треба да се исклучи.

 

Tимот на CycleLabs со својот производ одат дотаму што во него вградуваат и аларм па така кој и да сака да го ”позајми” вашиот велосипед нема да може да го направи тоа незабележано. Поради сигналот кој го добива од вашиот телефон SmartHalo знае дали сте вие тој кој сака да го вози велосипедот или не, со што се вклучува аларм и вие веднаш ќе бидете информирани за тоа. Овој уред работи на батерии кои доколку често го користите велосипедот ќе траат околу три недели, пред повторно да треба да се наполнат.

 

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=lfbKndy0l6o

 

Минималистичкиот дизајн прави овој уред да одговара на најразлични типови и бои на велосипеди.

 

SmartHalo е нешто што секој љубител на урбаниот велосипедизам би сакал да го има, а тоа го потврдува и супер успешната kickstarter кампања каде од преку 2.700 вложувачи собра повеќе од 430.000 USD. Претворете го вашиот обичен велосипед во паметен велосипед и со него патувајте брзо и безбедно до секоја локација во било која урбана средина на светот.

 

Дали вие размислувате да развиете ваков кул производ?

 

Среќно!

 

Brainster заедницата

 

 

Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука

 

Facebook: www.facebook.com/brainster.co

 

Web: www.brainster.co

 

Mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете ја со пријателите.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Сеп 17, 2021 Магазин

Имунитетски производи - Имунитет - Аптеки „Еликсир“ Нашиот имунитет е важен за нашиот опстанок. Имунолошкиот систем функционира нормално кога ги пре...

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за Противпожарната единица

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техник…

Сеп 16, 2021 Вести

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, о...

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како пос…

Сеп 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица како последица на Ковид-19, меѓу кои и четворица о...

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен терен ќе се пренесуваат на познатиот спортски канал „Sport Klub“

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен тере…

Сеп 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ФК „Академија Пандев“ објавија дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои овој клуб ќе ги игра на домашен терен ќе се емитуваат во ж...

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ на претстојните Локални избори

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ н…

Сеп 14, 2021 Вести

Општинската организација на СДСМ во Струмица ја објави листата на членови на Советот на општина Струмица за Локалните избори кои ќе се одржат на 17 ок...

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков 2021“

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро …

Сеп 14, 2021 Вести

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Ст...