Испечатете ја страната

BRAINSTER доаѓа и во Струмица!

Среда, 03 Август 2016

Ние ja започнавме револуција во образованието, приклучете ни се!

Braisnter е платформа создадена за да го направи учењето на практични вештини достапно за сите. Ние веруваме дека секој од нас поседува практични вештини за да предава и постојана потреба да стекнува нови знаења. Практичните вештини се оние кои ќе ни помогнат да се вработиме и да се реализираме како личност. Brainster.co веб сервисот ќе им овозможи на сите со практично знаење да им понудат курсеви на останатите луѓе од заедницата.

 

Нашата визија е да го претвориме градот во универзитет, секој простор во училница и секој од нас во инструктор и студент.

 

Скопје беше првата, а Струмица е нашата следна станица.

 

Првите курсеви на нашата платформа беа поставени во октомври 2015 година.

 

Во текот на овие 7 месеци се одржаа курсеви на различни теми кои претежно во формалното образование не може да се научат, а ги опфаќаат следните области: технологија, маркетинг, бизнис и уметност.

 

За само 7 месеци одржавме повеќе од 70 курсеви/работилници, од страна на 30 локални експерти. Курсевите беа посетени од над 1000 посетители кои се стекнаа со нови вештини потребни за лична и професионална надоградба.

 

Braisnter платформата е создадена за да го направи учењето на практични вештини достапно за сите. Секој ќе може да научи како да ја изработи својата прва IOS мобилна апликација од локални експерти кои веќе ги продаваат своите апликации глобално, да научи како да започне сопствен бизнис од претприемачи кои во своето портфолио имаат неколку успешни бизниси или да ги научи тајните на уличната фотографија од експерти кои работат за познати светски медиуми.

 

Зошто треба да бидете инструктор на Brainster?

 

Доколку чувствувате потреба да придонесете за заедницата, но истовремено и да остварите дополнителна заработка, Brainster ви нуди одлично решение. Ние ви нудиме можност да се вмрежите со луѓе со исти или слични интереси, да изградите личен бренд, а и можност на самите курсеви да пронајдете таленти кои би работеле со Вас.

 

Зошто треба да учите на Brainster?

 

Со самото тоа што ќе бидете дел од Brainster заедницата, ќе можете да научите практични (real-world) вештини од локални експерти и за секој посетен курс ќе добиете сертификат и препорака. Во исто време ќе можете да работите на реални проекти, да се вмрежите со истомисленици, и да го пронајдете и/или доразвиете Вашиот талент.

 

Формалното образование никогаш нема да може да биде во чекор со потребите на пазарот на труд, денес. Ние ќе го промениме начинот на кои луѓето учат нови вештини засекогаш.

 

Brainster не е само платформа која ја изградивме, Brainster е нешто многу поголемо – Brainster е дел од сите нас.  Brainster е заедница создадена со единствена цел, да ни помага да ја направиме размената на знаење едноставна и забавна.

 

Почнувајќи од октомври Brainster co платформата досега е достапна во Скопје. Следната дестинација е Струмица, а планот е до крајот на 2016 да се прошириме и во други градови како Атина и Берлин. Brainster е стартап финансиран од Македонските Бизнис Ангели, а обуките се оддржуваат на различни локации, како co-working простории, акселератори, инкубатори, работилници, па дури и во кафулиња.

 

Дали сакате да бидете Brainster?


Регистрирајте се на платформата до 1 октомври и добијте 20% попуст на курс по ваш избор!

 

Ние започнавме револуција во обазованието, приклучете ни се!

http://brainster.co/

 

Brainster тимот

 

Комерцијална објава

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Мицкоски со поддршка и за Ѓорѓе Божинов, кандидатот за градоначалник на општина Ново Село

Мицкоски со поддршка и за Ѓорѓе Божинов, кандидатот за градо…

Окт 21, 2021 Избори 2021

„Нашиот народ заслужува шанса и среќа. А, надежта покажана во првиот круг е токму патот кон промените и таа искра која ќе го осветли патот на успехот ...

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов на средби со граѓаните за креирање на новиот Буџет

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов…

Окт 21, 2021 Вести

Новоизбраниот градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов уште пред да стапи на функцијата градоначалник, заедно со новоизбраните советници...

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за примање на „online“ нарачки

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за примање на…

Окт 21, 2021 Веб Билборд

Бутик „ИМИЏ-М“ од Струмица има потреба од девојка со познавање англиски јазик на работна позиција примање на „online“ нарачки. Подетални информации и ...

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз во посета на струмичката гимназија „Јане Сандански“

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз во посета на струмичката…

Окт 21, 2021 Вести

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз денеска беше во посета на СОУ „Јане Сандански“ во Струмица. По кратката средба со дире...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Василево на средба со жителите на Добрашинци и Нова Маала

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Василев…

Окт 21, 2021 Избори 2021

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска имаше средба со жители на Добрашинци и Нова Маала за поддршка во вториот изборен круг на кандидатот ...

Новиот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев упати благодарност до граѓаните

Новиот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев упати…

Окт 20, 2021 Вести

Новоизбраниот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ кој на изборите во недела ја доби довербата на мнозинството граѓани да ја ...

Градежниците го одбележаа празникот „Св. Тома“ – нов кум на манифестацијата Надица Ивановска од „Идеа Консалтинг“ Струмица.

Градежниците го одбележаа празникот „Св. Тома“ – нов кум на …

Окт 20, 2021 Вести

Во Манастирот „Св. Богородица Елеуса“ во Вељуса по 29-ти пат градежниците од струмичкиот регион организираат средба и го чествуваат празникот, својот ...

Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уметничка галерија

Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уме…

Окт 19, 2021 Вести

Ликовните уметниците од Струмица добија свое катче. Некогашната „скривница“ на плоштадот во Струмица, која се користеше и како просторија за регистрац...