Александра Јанева - македонската Адел ги крена струмичани на нозе

Недела, 24 Април 2016

Моќниот глас испреплетен со многу емоции и сценски настап, изведбите на познати светски хитови, на нејзините „Врати ми го сонцето“

Ја нарекуваат македонската Адел, една од најголемите светски музички ѕвезди, чии хитови насекаде се слушат, а тиражот на албумите на Адел се со милионски бројки.

 

Иако не е толку популарна како Адел, таа е ѕвездата на Струмица, миленичка и на помладата и на постарата генерација, девојката со моќниот глас, струмичанката Александра Јанева.

 

Таа Александра, вечерва со својот прв солистички концерт, хуманитарен пред Велигден, на сцена со бендот „Coverland“, пред своите сограѓани и со своите интерпретации, ги крена на нозе сите присутни во големата сала во Центарот за култура.

 

Моќниот глас испреплетен со многу емоции и сценски настап, изведбите на познати светски хитови, на нејзините „Врати ми го сонцето“, со која се вивна во височините на македонското естрадно небо, „Еве ме пак“, од Тоше, „По тебе“, „Признавам“ од Маријана и Росана, македонската Адел приреди вистинско изненадување и предизвика бурни емоции кај публиката која во еден глас пееше со неа.

 

На сцена и се придружи уште еден моќен глас, 11-годишната Тина Русева, за струмичани веќе познато име, која наскоро ќе настапи на „Славјански базар“ во Белорусија. Тука беше и Пинковата ѕвездичка Трајче Ѓоргиев, но во публика, кој со воодушевување ја слушаше Александра и во себе си потпевнуваше.

 

Браво Александра, прекрасен концерт! Следниот, нека биде временски подолг, на поголем простор, бидејќи во твојот моќен глас струмичани сакаат да уживаат повеќе од еден час... Од Радио СтрумицаНет честитки и за Александра и за организаторите, Младинскиот Совет на општина Струмица.

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те струмички студенти

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те с…

Авг 13, 2020 Вести

69 години од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот ...

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зоран Заев од СДСМ за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зора…

Авг 13, 2020 Вести

Претседателот Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев, лидер на СДСМ, кои како Коалиција „Можеме“ освоија најмногу пратеници на ...

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во моментот активни се 31 лице

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во м…

Авг 13, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19. Четворица...

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОДГОВОРНО“

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОД…

Авг 12, 2020 Вести

На плоштадот „Гоце Делчев" и на Булеварот „Маршал Тито" во Струмица, претставници од СВР Струмица и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на ...

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да ги уплаќаат во наплатните пунктови во Струмица

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да …

Авг 12, 2020 Вести

Поради заштита на уплатите од сметките за вода и избегнување на несакани компликации од затворање на една од банките во државата од страна на НБМ, ЈПК...

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите кули, некои со велосипед, некои пеш

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите к…

Авг 12, 2020 Вести

Околу стотина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица - Цареви кули. Најголемиот симбол на градот и г...

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица и еден од Вељуса

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица…

Авг 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 139 нови случаи со ковид-19 од направените 1627 тестови, меѓу нив и д...

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки“, кажа Јаневски отворајќи ја 57-та Струмичка ликовна колонија

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот с…

Авг 11, 2020 Вести

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки кои го менуваат нормалниот тек на живеење. Во ова време - невреме кога...