Фолк пејачот Зоран Панделиев го сними својот прв видео спот

Недела, 24 Април 2016

Станува збор за песна на фолк пејачот од Струмица, Зоран Панделиев, кој живее во Швајцарија, а е снимен неодамна

„Ќе запеам јас“ песна изведена на фестивалот „Песна на летото 2014-та“ во Охрид, доби и свој видео запис.

 

Станува збор за песна на фолк пејачот од Струмица, Зоран Панделиев, кој живее во Швајцарија, а е снимен неодамна во околината на Марков Манастир и Козјак.

 

Видео спотот е во продукција на „Арт Студио“, а автори на самата песна се, струмичанецот Оливер Глигоров, кој ја напиша музиката на текст од Весна Јордановска Тасевска, а аранжманот го направи Љупчо Соколовски - Бубе.

 

По овој прв негов видео спот, Зоран планира уште неколку видео записи во продукција на „Арт Студио“, на песни кои во моментот ги снима, а ќе бидат дел од неговиот албум планиран пред македонската публика да се појави до крајот на годината.

 

Инаку, Зоран Панделиев својот дебитантски настап го имаше на Фолк Фест „Валандово“ 2002-та година со песната „Ѕидови меѓу нас“, потоа следуваа уште неколку фестивалски настапи, како соло пејач, но и заедно со својата група „Екстра Бенд“. Пред две години на „Гоце Фест“, Зоран со песната „Еј Самоиле, Цар македонски“, ја доби специјалната награда за сценски настап „Јонче Христовски“, а оваа песна ја доби и наградата за најдобар аранжман.

 

ВИДЕО спотот на песната „Ќе запеам јас“ можете да го погледнете на следниот линк >>>

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те струмички студенти

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те с…

Авг 13, 2020 Вести

69 години од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот ...

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зоран Заев од СДСМ за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зора…

Авг 13, 2020 Вести

Претседателот Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев, лидер на СДСМ, кои како Коалиција „Можеме“ освоија најмногу пратеници на ...

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во моментот активни се 31 лице

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во м…

Авг 13, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19. Четворица...

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОДГОВОРНО“

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОД…

Авг 12, 2020 Вести

На плоштадот „Гоце Делчев" и на Булеварот „Маршал Тито" во Струмица, претставници од СВР Струмица и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на ...

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да ги уплаќаат во наплатните пунктови во Струмица

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да …

Авг 12, 2020 Вести

Поради заштита на уплатите од сметките за вода и избегнување на несакани компликации од затворање на една од банките во државата од страна на НБМ, ЈПК...

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите кули, некои со велосипед, некои пеш

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите к…

Авг 12, 2020 Вести

Околу стотина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица - Цареви кули. Најголемиот симбол на градот и г...

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица и еден од Вељуса

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица…

Авг 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 139 нови случаи со ковид-19 од направените 1627 тестови, меѓу нив и д...

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки“, кажа Јаневски отворајќи ја 57-та Струмичка ликовна колонија

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот с…

Авг 11, 2020 Вести

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки кои го менуваат нормалниот тек на живеење. Во ова време - невреме кога...