Струмичките „Легато“ и белградскиот „Амадеус бенд“ „растурија“ во Швајцарија!

Четврток, 19 Ноември 2015

Гајдата, зурлата и тапанот на „Легато“ ги крена на нога не само Македонците, туку и многуте гости Срби, Италијанци, Германци, и младо и старо

Ovo mogu samo Makedonci,i to u sred Švajcarske.:-)E za ovo ja zivim.Legato Band i Amadeus Band oborili rekord u Švici.

Posted by Bojan Stanimirovic on сабота, 14 ноември 2015

Македонското друштво „Пирок“ од Швајцарија, викендот го одбележа својот јубилеј - 15 години од основањето. Во близината на Лозана одржаа роденденска забава, насловена „Mega de luxe“, на која за „свирката“ беа задолжени струмичкиот бенд „Лагато“ и „Амадеус“ од Србија.


„Гајдата, зурлата и тапанот на „Легато“ ги крена на нога не само Македонците, туку и многуте гости Срби, Италијанци, Германци, и младо и старо, сите заиграа на нашата музика, а на нашите инструменти не останаа рамнодушни ни нашите пријатели од „Амадеус“ - ни рече Катерина Ристова, вокален солист на струмичкиот бенд, која заедно со момците од бендот биле изненадени од прекрасниот пречек, од страна на организаторите, друштвото „Пирок“.


Претседателот на Македонското друштво „Пирок“, Никола Трендафилов, не го криел задоволството од прекрасната забава што ја направија овие две музички групи, упатувајќи им од сцената благодарност за незаборавната забава, која ретко може некој да ја направи во оваа земја, во која има голем број „нашинци“, но овој пат кон оваа забава се придружиле и голем број граѓани од други националности.


Соработката помеѓу „Легато“ и „Амадеус“ не беше за прв пат. Тие и предходно имаа заедничка „свирка“, на свадбената веселба на фудбалерот Сашко Пандев, а како што ни рече Кате, договорено било продолжување на соработката со уште многу заеднички „свирки“.


Со „Легато“, на покана од „Пирок“, беше и познатиот струмички стилист Марјан Петров, кој се разбира, се грижеше и за прекрасниот изглед на Кате од „Легато“.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те струмички студенти

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те с…

Авг 13, 2020 Вести

69 години од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот ...

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зоран Заев од СДСМ за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зора…

Авг 13, 2020 Вести

Претседателот Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев, лидер на СДСМ, кои како Коалиција „Можеме“ освоија најмногу пратеници на ...

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во моментот активни се 31 лице

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во м…

Авг 13, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19. Четворица...

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОДГОВОРНО“

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОД…

Авг 12, 2020 Вести

На плоштадот „Гоце Делчев" и на Булеварот „Маршал Тито" во Струмица, претставници од СВР Струмица и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на ...

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да ги уплаќаат во наплатните пунктови во Струмица

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да …

Авг 12, 2020 Вести

Поради заштита на уплатите од сметките за вода и избегнување на несакани компликации од затворање на една од банките во државата од страна на НБМ, ЈПК...

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите кули, некои со велосипед, некои пеш

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите к…

Авг 12, 2020 Вести

Околу стотина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица - Цареви кули. Најголемиот симбол на градот и г...

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица и еден од Вељуса

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица…

Авг 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 139 нови случаи со ковид-19 од направените 1627 тестови, меѓу нив и д...

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки“, кажа Јаневски отворајќи ја 57-та Струмичка ликовна колонија

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот с…

Авг 11, 2020 Вести

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки кои го менуваат нормалниот тек на живеење. Во ова време - невреме кога...