Македонскиот кошаркарски репрезентативец, струмичанецот Димитар Мираковски и официјално заплива во брачните води.
Денеска се венча пред Бога во Црквата „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“ во Струмица, со љубовта на неговиот живот, Маја Котева, лекар-специјализант на Гинекологија во Скопје.
Судбоносното „ДА“ пред матичар, Димитар и Маја го кажаа на отворено во хотелот „Сириус“, каде и продолжи свадбената веселба.
Кум му е неговиот колега репрезентативецот Златко Гоцевски, а старосватица директорката на ЈП „Паркиралишта Струмица“, Верица Узунова.