Кискинов: На 7 октомври ќе ја славиме хип-хоп културата

Недела, 18 Септември 2022

Најновиот албум на струмичкиот рапер и продуцент Драги Андонов – Кискин е повод за хип-хоп концертот што ќе се одржи во Домот на културата во Струмица на 7 октомври.

Албумот „Light“ е втор официјален соло албум на Кискинов. Албумот, мастериран од Темелко Андреев за Импакт Продукција, се состои од 12 песни, од кои 11 се продуцирани од Кискинов, а една од Урбански. Две песни од албумот, „Златен час“ и „Мали ствари“, веќе се достапни на социјалните мрежи заедно со видео-спотови, изработени од Митко Ников. На албумот гостуваат Дивизија, DJ Popeye, Урбански и Нешо од Авторизација, Влади од Ортографија и Алфа.

Концертот на Кискинов на 7 октомври ќе биде збогатен со настап на десетина македонски хип-хоп артисти: Токсиколози (Џоле и Кацар), Да Џака Накот, Соулментал, Даре ДТ, Атанаско од Куп Де Грас, Ел Борачо од Титаниум, Пикси од Авторизација, како и групата на Кискинов, Дивизија, и струмичките рап артисти Тоти-Е и Јордан. На концертот ќе настапат и танчерите од One Way Dance Studio, единствената хип-хоп танц група од Струмица.

Кискинов е активен на македонската хип-хоп сцена речиси дваесет години, и како рапер и како продуцент. Неговиот прв официјален соло албум „На пат кон дома“ е издаден во 2012 година, заедно со неговата група Дивизија ги има албумите „Втора шанса“ (2014) и „Стереотип“ (2016), во 2020 година го издаде проектот „STR State Of Mind“, составен од шест песни, а оваа година ќе го издаде и неговиот петти официјален проект, а втор официјален соло албум „Light“. Соло албумот „На пат кон дома“ и проектот „STR State Of Mind“ ќе бидат реиздадени на концертот на 7 октомври.

За новиот албум и претстојниот концерт слушнете повеќе од Кискинов во неговото интервју за Радио СтрумицаНет.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Горан Пандев објави емотивно видео од неговата богата фудбалска кариера и напиша „Сакам сите да ве гушнам“

Горан Пандев објави емотивно видео од неговата богата фудбал…

Сеп 24, 2022 Вести

Македонската фудбалска интернационална ѕвезда Горан Пандев кој во минатото играше за Беласица, Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Галатасарај, Џен...

ВМРО-ДПМНЕ: Младите да учествуваа во одлуките наместо да се сликаат со градоначалникот Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ: Младите да учествуваа во одлуките наместо да се …

Сеп 24, 2022 Вести

Претседателот на Унијата на млади сили при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Иван Угринов на денешната прес конференција со прашања до гр...

Претседателот на турскиот парламент Шентоп е во посета Струмица

Претседателот на турскиот парламент Шентоп е во посета Струм…

Сеп 23, 2022 Вести

Претседателот на Големото Народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, денеска престојува во приватна посета на Струмица. Веста ја објави градоначалн...

Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбележаа светскиот Ден без автомобили

Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбеле…

Сеп 22, 2022 Вести

Денешниот ден 22-ри Септември, покрај тоа што е гласник на почетокот на есента, исто така е важен затоа што се одбележува и светскиот Ден без автомоби...

Средношколецот Јанко Мицев денеска е градоначалник на Струмица

Средношколецот Јанко Мицев денеска е градоначалник на Струми…

Сеп 22, 2022 Вести

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, во рамките на проектот „Градоначалник на еден ден“, утрово го промовираше новиот градоначалник, Димит...

Горан Пандев заминува во фудбалска пензија

Горан Пандев заминува во фудбалска пензија

Сеп 22, 2022 Вести

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев и официјално кажа крај на својата играчка фудбалска кариера, заминува во пензија. Тој ова го кажа во инте...

Заврши регионалната конференција во Тирана, градоначалникот Костадинов го промовираше проектот „Струмица – паметен Вело град“

Заврши регионалната конференција во Тирана, градоначалникот …

Сеп 21, 2022 Вести

Регионалната конференција на тема „Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови: Ризик и можности за Западен Балкан“, што се одржа во изминатите два ...

Утре прекин на електричната енергија во Куклиш и во општините Ново Село и Босилово

Утре прекин на електричната енергија во Куклиш и во општинит…

Сеп 21, 2022 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 22 септември) ќе има прекин на електричната енергија во општините Ново Село и Босило...