Музичарите пееја во пресрет на роденденот на Гоце Арнаудов, ако беше жив ќе полнеше 68 години

Петок, 19 Август 2022

Ако беше жив, денеска легендата на македонската фолк музика Гоце Арнаудов, ќе го слaвеше својот 68-ми роденден. Гоце кој од мали нозе, па се до неговото прерано заминување од овој свет, пред 11 години, испиша многу успешни страници во музичката историја на Струмица и Македонија.

Синоќа покрај езерцето во паркот „Струмица Опен фестивал“ организираше концерт насловен „Ај да беше стрела песната“, во пресрет на роденденот на Гоце. Пејачи, инструменталисти, колегите на Гоце, два часа ги пееја неговите песни. Пееше и публиката, подрипнуваше во ритамот на музиката, уживаа како некогаш на неговите концерти и настапи, на кои само тој знааеше и умееше да направи атмосфера. Фалеше и синоќа да ја викне „Свири мајстореее“...

Ѕвездениот град Струмица имаше своја ѕвезда на земјата која стана ѕвезда на небото. Таа Струмица беше негов дом. Од тука заминуваше по другите градови и земји, низ сите светски меридијани, и повторно се враќаше на местото каде што си тежи каменот. Таа негова Струмица ја опеа и во песна, покажувајќи ја љубовта кон неа.

За легендата од Струмица, Општина Струмица пред 8 години, во предвечерието на неговиот роденден му подигна споменик кој го краси просторот во малиот градски парк, дело на македонскиот скулптор и сликар, професорот Митко Тошев.

„На Гоце Арнаудов не му е потребен споменик. Тој својот споменик го подигна со испеаните песни. Споменикот ни е потребен нам на струмичани, за да ни биде сведоштво за почитта која ја имаме кон човекот кој ја прославил Струмица надалеку, за да биде гордост на неговите современици и на генерациите кои доаѓаат по нас“ - рече тогаш во своето обраќање поранешниот градоначалник на Струмица, Зоран Заев.

Неговите песни се пееја, се пејат и ќе се пејат, тој на секоја песна и даваше душа и ја пееше од душа и со неговата интерпретација беше и ќе остане незаменлив. Тој голем човек на македонскиот народ му го остави своето најголемо богатство, своите песни...

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и опрема од Дирекцијата за заштита и спасување

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и о…

Сеп 30, 2022 Вести

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, К...

Се бара возач за такси автомобил

Се бара возач за такси автомобил

Сеп 30, 2022 Веб Билборд

Се бара возач за такси автомобил за во Струмица и регионот. Кандидатот да има положено најмалку за „Б“ категорија. Пријавување и повеќе информации на:...

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу покриениот дел на каналот „Крушевска Република“

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу пок…

Сеп 30, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

За сите граѓани коишто живеат покрај каналот „Крушевска Република“ во градот Струмица, особено оние околу покриениот дел, градоначалникот Костадин Кос...

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализација на „Младинска“

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализац…

Сеп 30, 2022 Вести

ЈПКД „Комуналец“ почна со реализацијата на најавениот проект за реконструкција на постојната и изградба на нова атмосферска канализација на улицата „М...

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за македонскиот фудбал

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за…

Сеп 29, 2022 Вести

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда Горан Пандев, деновиве објави крај на активната кариера, но не мирува и работи на нов проект за доброто ...

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дукатино, Радичево и Сушево

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дука…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 30 септември), во периодот од 09:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат: Но...

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно лице

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно ли…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на негови...

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за комунални услуги

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за ком…

Сеп 28, 2022 Вести

На денешната седница на Советот на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов на советничко прашање кажа дека за струмичани нема да има пок...