Испечатете ја страната

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН! Горан Пандев денеска го слави 39-от роденден

Среда, 27 Јули 2022

На денешен ден е родена најголемата македонска фудбалска ѕвезда на денешницата, Горан Пандев, кој сега полни 39 години.

Родум од Струмица, кариерата на Пандев се менува кога на 18-години настапувајќи во дресот на Беласица на турнир во Вијареџо го забележуваат од Интер. Со „Нераѕурите“ ја освојува младинската лига во Италија, а своето деби во Серија А го има како позајмен во тимот на Анкона каде го прославува и првиот гол. Се сели во Лацио каде се етаблира како голгетер и несебичен напаѓач, за во јануари 2010 да се врати во Интер на инсистирање на Жозе Мурињо. Ја освојува Серија А, Копа Италија, Лигата на шампиони и Светското клупско првенство за потоа да се пресели во Наполи. По три сезони таму оди на едногодишна аватура во Галатасарај, а од 2015 ги брани боите на Џеноа во чиј дрес го прослави и стотиот гол во Серија А.

За репрезентацијата на Македонија одигра 122 натпревари и постигна 38 голови, со што е рекордер и по број на одиграни натпревари и по постигнати голови. Воедно, го постигна голот со кој Македонија ја совлада Грузија во баражот и се пласираше на историското ЕУРО 2020, а таму го постигна и првиот историски гол за „Рисовите“ на едно големо натпреварување. Се пензионираше од дресот со националниот грб на дуелот со Холандија кога доби громогласен аплауз од сите присутни на „Амстердам Арена“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Окт 06, 2022 Вести

Владата на денешната седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука, на предлог на ...

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Окт 06, 2022 Веб Билборд

Хотел „Studio Inn“ од Струмица има потреба од рецепционер за работа во ноќна смена. Подетални информации и пријавување на: 034 331 851...

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените таму ќе паѓаат до -35%, а следуваат и многу награди за потрошувачите

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените та…

Окт 05, 2022 Магазин

Се ближи 9-от роденден на најголемиот салон за мебел во Македонија „Home by Almak“ на струмичкиот бренд „Алмак“, препознатлив цели 27 години кај нас и...

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот сепак ќе го одигра во Струмица

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ К…

Окт 05, 2022 Вести

Македонскиот одбојкарски шампион „Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот, сепак ќе го одигра на домашен терен. Со оглед на т...

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Окт 05, 2022 Вести

Како резултат на успешната соработка помеѓу општините Босилово (Македонија) и Грмен (Бугарија), преку програмата за прекугранична соработка, во наредн...

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Окт 05, 2022 Вести

Следејќи го успешниот пример на работата на мобилните гинеколошки амбуланти низ различните општини во државата во текот на оваа година, Македонската а...

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на струмичкиот плоштад ја одбележаа Детската недела

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на стру…

Окт 05, 2022 Вести

Денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше разиграно, распеано, весело, се слушаше детскиот џагор. Околу 350 деца од предшколска возраст од Ј...

Пуштено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште во дворот на Домот на АРМ

Пуштено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште…

Окт 05, 2022 Вести

Струмица доби уште еден современ отворен спортски терен за сите љубители на спортските активности. Повеќенаменското спортско игралиште во дворот на Д...