На денешен ден е родена најголемата македонска фудбалска ѕвезда на денешницата, Горан Пандев, кој сега полни 39 години.
Родум од Струмица, кариерата на Пандев се менува кога на 18-години настапувајќи во дресот на Беласица на турнир во Вијареџо го забележуваат од Интер. Со „Нераѕурите“ ја освојува младинската лига во Италија, а своето деби во Серија А го има како позајмен во тимот на Анкона каде го прославува и првиот гол. Се сели во Лацио каде се етаблира како голгетер и несебичен напаѓач, за во јануари 2010 да се врати во Интер на инсистирање на Жозе Мурињо. Ја освојува Серија А, Копа Италија, Лигата на шампиони и Светското клупско првенство за потоа да се пресели во Наполи. По три сезони таму оди на едногодишна аватура во Галатасарај, а од 2015 ги брани боите на Џеноа во чиј дрес го прослави и стотиот гол во Серија А.
За репрезентацијата на Македонија одигра 122 натпревари и постигна 38 голови, со што е рекордер и по број на одиграни натпревари и по постигнати голови. Воедно, го постигна голот со кој Македонија ја совлада Грузија во баражот и се пласираше на историското ЕУРО 2020, а таму го постигна и првиот историски гол за „Рисовите“ на едно големо натпреварување. Се пензионираше од дресот со националниот грб на дуелот со Холандија кога доби громогласен аплауз од сите присутни на „Амстердам Арена“.
.
.
Авг 15, 2022 Вести
Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...
Авг 13, 2022 Вести
Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...
Авг 13, 2022 Веб Билборд
„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...
Авг 13, 2022 Вести
Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...
Авг 12, 2022 Вести
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...
Авг 12, 2022 Вести
Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...