Во Струмица „South Side Cocktail Bar“ - првиот крипто бар во Македонија

Вторник, 28 Јуни 2022

South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира крипто културата во Македонија и да ги едуцира луѓето за можностите што ги носи крипто светот.

„Крипто валутите сè уште се табу тема во Македонија. Затоа, решивме да направиме место каде што ќе може да се конектираме со истомисленици и да споделуваме информации за крипто светот додека пиеме уникатни коктели. Ова е локацијата кадешто ќе ги добиеш одговорите на сите прашања поврзани со крипто валути”, вели Нена Панова, ко-основач и менаџер на компанијата Crypto Dive In.

Како дел од новото мени на South Side, ќе може да ги пробате првите коктели инспирирани од крипто валутите и крипто светот. 

Уникатноста на пијачките, стилот, опуштената атмосфера и позитивните луѓе што се наши редовни посетители, го прават коктел барот must-visit локација за секој што ќе ја посети Струмица.

Од компанијата велат дека поради големиот интерес, во план е во рамки на коктел барот, да се организираат обуки, работилници и презентации на крипто проекти за инвестирање. Во иднина ќе ја има и можноста да се плаќа за коктел во крипто валути.

„Со самото социјализирање во South Side Cocktail Bar, разговарајќи на теми од крипто светот, заклучивме дека на Струмица, воедно и на Македонија, ѝ треба место каде што истомисленици би можеле да разговараат за можностите што ги носи крипто светот, да разменуваат мислења и споделуваат искуства”, вели Иван Христов, основач и менаџер на South Side Cocktail Bar.

South Side Cocktail Bar ги поканува сите коишто имаат желба да навлезат во светот на крипто валутите без разлика на нивото на знаење, да дојдат на коктел во крипто барот за да ја стекнат финансиска слобода преку инвестирање во крипто валути.

South Side Cocktail Bar се наоѓа на Плоштад „Маршал Тито” број 7 во Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фестивал“ на сцената кај езерцето

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фести…

Авг 15, 2022 Вести

Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот во малиот парк беше одбележана годишнината од убиството на петте струмички студенти

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот в…

Авг 13, 2022 Вести

Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Авг 13, 2022 Веб Билборд

„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петт…

Авг 13, 2022 Вести

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа договор за партнерство

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа догово…

Авг 12, 2022 Вести

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи …

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за јунаците Македон и Амир

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за ј…

Авг 12, 2022 Вести

Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...