Млади гимназијалци еден и пол саат се лангрдисуваа и пејаа за едно време как било у Струмица

Петок, 27 Мај 2022

Арни бее гимназијалците, на струмички си гувурии, на македонски си пејаа. Пет момички и пет машки дутерани, кој уд Чифлико, кој од Бежанско маало, од Варош маало, кој од Бамјак, од Маџир маало на гулемата сцена у Културнио дом еден и пол саат се лангрдисуваа. Расправаа за едно време как било у Струмица, за љубовта, за серенадите, за младоста, как они да бее ного стари, расправаа как краделе ѕрн’ѕрлии, тикви, љубеници, а од них правиле фенере... Расправаа за струмичките еснафе, калајџии, кујумџии, терзии, папучаре, шиваче, шапкаре... за фурнаџиите, за топлото лепче...  Ујдее и за Вељуса цреши да берат, ама не уд кај Баница, страх им било уд баничане, уд кај Ангелци ујдее... Тук беше и хоро на СОУ „Јане Сандански“ од лево и оркестаро од десно (на сцеен’та), едните дрнкаа, другите пејаа... а у публиката уд најстари струмичане до ептен маленки деца... Митто сакаше да се чифтосе со Веерто, ама после тва дали биде, кој знаа...

Прекрасно усмислена приредба на струмички начин, исфилувана со македонски песни, не’ма некоо староградска струмичка, повеќето бее новокомпонирани, дудуша од струмички пејаче, од Перо „Во црно вино утеха нема“, од Гоцето „Ќе пијам, ќе лумпувам“, ги раздрма малко песната, откачии се на сцеен’та децата, кршии снага, как шо кажа Трајчето изморииме се, ама млади сме, можаме... и па си продолжии до краај’та...

Повод немаше за таа прекрасна приредба, едноставно да ја пополнаа празниин’та во изминатите две години коо поради короон’та не се одржаа Новогодишно-Божиќниот концерт во 2021 и 2022, ги нема ни тии музичко-сценски изведби по повод патрониот празник на СОУ „Јане Сандански“, па така од коо си ујде короон’та и се тргнаа мерките, професорите Катерина Милушева, Анита Станковска и Денис Кирчанов, заедно со овие ученици ја осмислија и направија таа приредба насловена „Струмички лангрдии су ного такрафате и ич мастрафе“.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Се извинуваме за стилот на известување за ова музичко-сценска изведба на СОУ „Јане Сандански“, но истиот е поттикнат од самиот настан и интерпретацијата на актерите на сцената во Центарот за култура во Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...