Арни бее гимназијалците, на струмички си гувурии, на македонски си пејаа. Пет момички и пет машки дутерани, кој уд Чифлико, кој од Бежанско маало, од Варош маало, кој од Бамјак, од Маџир маало на гулемата сцена у Културнио дом еден и пол саат се лангрдисуваа. Расправаа за едно време как било у Струмица, за љубовта, за серенадите, за младоста, как они да бее ного стари, расправаа как краделе ѕрн’ѕрлии, тикви, љубеници, а од них правиле фенере... Расправаа за струмичките еснафе, калајџии, кујумџии, терзии, папучаре, шиваче, шапкаре... за фурнаџиите, за топлото лепче... Ујдее и за Вељуса цреши да берат, ама не уд кај Баница, страх им било уд баничане, уд кај Ангелци ујдее... Тук беше и хоро на СОУ „Јане Сандански“ од лево и оркестаро од десно (на сцеен’та), едните дрнкаа, другите пејаа... а у публиката уд најстари струмичане до ептен маленки деца... Митто сакаше да се чифтосе со Веерто, ама после тва дали биде, кој знаа...
Прекрасно усмислена приредба на струмички начин, исфилувана со македонски песни, не’ма некоо староградска струмичка, повеќето бее новокомпонирани, дудуша од струмички пејаче, од Перо „Во црно вино утеха нема“, од Гоцето „Ќе пијам, ќе лумпувам“, ги раздрма малко песната, откачии се на сцеен’та децата, кршии снага, как шо кажа Трајчето изморииме се, ама млади сме, можаме... и па си продолжии до краај’та...
Повод немаше за таа прекрасна приредба, едноставно да ја пополнаа празниин’та во изминатите две години коо поради короон’та не се одржаа Новогодишно-Божиќниот концерт во 2021 и 2022, ги нема ни тии музичко-сценски изведби по повод патрониот празник на СОУ „Јане Сандански“, па така од коо си ујде короон’та и се тргнаа мерките, професорите Катерина Милушева, Анита Станковска и Денис Кирчанов, заедно со овие ученици ја осмислија и направија таа приредба насловена „Струмички лангрдии су ного такрафате и ич мастрафе“.
Се извинуваме за стилот на известување за ова музичко-сценска изведба на СОУ „Јане Сандански“, но истиот е поттикнат од самиот настан и интерпретацијата на актерите на сцената во Центарот за култура во Струмица.
.
.
Јун 28, 2022 Вести
Синоќа на реконструираното спортско игралиште во Чифлик маало, спроти главниот влез на поранешната касарна во Струмица започна одржувањето на турнирот...
Јун 28, 2022 Вести
Вечерва од 20:00 часот на струмичкото корзо ќе биде поставена фотографска изложба на струмичанецот Марјан Ѕингаров, насловена „Птиците во Градскиот па...
Јун 28, 2022 Магазин
South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира кри...
Јун 27, 2022 Вести
МВР информира дека полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и Полициската станица за граничен премин Долно Блаце изврш...
Јун 27, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 28 Јуни) најавува прекин на електричната енергија од 09:00 до 15:00 часот во населените места: Добраши...
Јун 27, 2022 Вести
Вчера околу 16:00 часот на локалниот пат од село Трибичино кон село Едрениково, струмичко, на место викано „Бресто“, трактор „ИМТ 533“, со струмички р...
Јун 25, 2022 Вести
Струмица ја одбележа 66-та година од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Споменикот „Македонија“ п...
Јун 24, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
На 23.06.2022 година во 00:15 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.С.(60) од Струмица, затоа што кај него би...