Иван Котев за Ѓурѓовденскиот обичај во струмичко

Петок, 06 Мај 2022

Ѓурѓовден е еден од најголемите и најубавите пролетни празници. Тој е празник на земјоделците и сточарите и го слават не само христијаните, туку и останатото население во Македонија и сите христијани во светот. Тој е неподвижен празник, секогаш се прославува на 6 мај по новиот или на 23 април по стариот календар. Суштина на празнувањето на овој голем празник е будењето на природата, вегетацијата и на животот воопшто.

Македонскиот народ го има прифатено Св. Ѓорги како свој голем заштитник и светец. На иконите е претставен како воин на силен коњ кој со копјето ја убива ламјата – симболот на злото, мразот и студот. За овој голем светец се испеани бројни песни во кои се слави победата на доброто над злото, на светлината над мракот, на топлината над студенилото.

Многу села во струмичко, како што се Дрвош, Сушица, Ново Село, Зубово, Пиперево, Муртино и други, Ѓурѓовден се прославува како селска слава, а оние кои го носат името Ѓорги, Гоце, Гоне или име изведено од ова име слават именден при што ги посетуваат бројни роднини и пријатели.

Во манастирите кои го носат името на Св. Ѓорги се организираат општонародни собори со богата трпеза сѐ со цел овој голем ден да се прослави посвечено, подостоинствено и побогато.

Ден пред Празникот, на 5 мај во повеќе села од Подгоријата и Огражденот се слави Овчарскиот празник, древен, ендемски обичај, при што се коли курбан, најубавото и најздравото машко јагне, се пече на ражен и со бројни обреди и дејствија во кои учествува целата фамилија и пријатели од други места, се прославува идењето на Ѓурѓовден. Некогаш, кога Струмичката котлина обилувала со стока. На Ѓурѓовден, рано, пред да изгрее Сонцето, стоката се носела „на роса“. Се терала покрај реките, изворите, пасиштата богати со бујна трева, обичај кој требало да ја манифестира слеаноста на земјоделците и сточарите со природата, а девојките го ваделе својот чеиз на балконите, го распостелувале за да се види колку и што имаат... Убави обичаи!
Девојки и момчиња во помали или поголеми групи се упатувале кон некоја блиска ливада или двор каде имало родно дрво погодно за правење лулка за лулање. Претежно се лулале девојките. Ергените стоеле потпрени на дрвото каде била врзана лулката и со очи полни со љубов ги следеле движењата на лулката во која се лулала саканата девојка. Тука блеснувале и првите љубовни искри. Лулањето било пропратено со пригодни песни со кои се поттикнувало дружењето, љубовта меѓу младите и овозможувале да се надмине јазот меѓу половите. „Во песните се раскриваат взаемните чувства што предвестуваат среќа и свадба“. Тие биле мигови кога се пеело:
На љуљките диљбер Стана љуљајте, фрљајте, и, и!
Од дол иде лудо младо, љуљајте, фрљајте!
Ф раци носе до две китки гороцвет, гороцвет.
Едната је на момата, љуљајте, фрљајте!
Ја другата на момчето, љуљајте, фрљајте, и, и!
Во овие песни што се одраз на будењето и буењето на природата, се раѓаат најблагородните чувства према убавината воопшто, а кон љубовта и убавината на девојката посебно:
–Ѓурѓе ле Ѓурѓе, убаво, море,
Ѓурѓе ле, Ѓурѓе, убаво!
Та што си толку убаво, море,
та што си толку убаво?
Дал си од Бога паднало, Ѓурѓе,
дал си од Бога паднало?
Ил си од земја никнало, Ѓурѓе,
ил си од земја никнала?
–Ни сам од Бога паднало, Ѓорѓи,
ни сам од Бога паднало!
Ни сам од земља никнало, Ѓорѓи,
ми сам од земља никнало!
И мене мајка родило, Ѓорѓи,
и мене мајка родило!
Со пресно млеко појило, Ѓорѓи,
со пресно млеко појило!
У рујно вино бањало, Ѓорѓи,
у рујно вино бањало!
На Ѓурѓовден ме родило, Ѓорѓи,
на ѓурѓовден ме родило!
Ѓурѓа ми име турила, Ѓорѓи ле,
Ѓурѓа ми име турила!
Затој сам толку убаво, Ѓорѓи ле,
затој сам толку убаво!

На овој празник се манифестирале силата, здравјето, снаодливоста и издржливоста на младите. Се организирале разни спортски, преди сѐ народни игри. Се практикувала „кушија“, трка со коњи, а се организирале трки за деца и возрасни, натфрлање камен, троскок и сл.

За жал, во некои села тоа полека, полека замира. За среќа, пак, сé уште, иако во рудиментирана форма, живее во некои селски средини.

Струмичанецот Иван Котев е познат фолклорист, собирач и запишувач на народното творештво од струмичкиот крај. Иван Котев многумина го нарекуваат современиот Марко Цепенков, но според бројот на собраните народни умотворби, тој го надминал и Цепенков.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во сообраќајка во Скопје повредени четворица малолетници меѓу кои и еден од Струмица

Во сообраќајка во Скопје повредени четворица малолетници меѓ…

Авг 19, 2022 Вести

Утрово во 04:20 часот на крстосницата од булевар „Мајка Тереза“ со улицата „Тодор Александров“ и улицата „Белградска“ во Скопје, патничко возило „Форд...

Вечерва последниот концерт од „Струмица Опен фестивал 2022“

Вечерва последниот концерт од „Струмица Опен фестивал 2022“

Авг 19, 2022 Вести

Вечерва со почеток во 20:00 часот на сцената на СОФ, кај езерцето во големиот градски парк ќе настапат Коста Хаџикојчев бенд и Влатко Лозано...

Започна реконструкцијата на училиштето во Вељуса

Започна реконструкцијата на училиштето во Вељуса

Авг 19, 2022 Вести

Општина Струмица и Министерството за образование и наука започнаа со комплетна реконструкција на основното училиште „Гоце Делчев“ во селото Вељуса. К...

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, во чест на Светскиот ден на хуманоста со донација од 200.000 денари

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, во чест на Свет…

Авг 19, 2022 Вести

Под мотото „Потребно е село“, кое асоцира на познатата поговорка „Потребно е цело село за да се одгледа дете“, годинава под покровителство на Обе...

Се подготвува теренот за изградба на булеварски мост на река Водочница во близина на Автобуската станица

Се подготвува теренот за изградба на булеварски мост на река…

Авг 18, 2022 Вести

Компанијата „Жикол“ почна со реализација на проектот „Изведба на мост на река Водочница на траса на ул. „Братство Единство“ во Струмица. Станува збор ...

Во Босилово „Нула отпад“ ќе изгради собирен центар за селекција на електронски отпад

Во Босилово „Нула отпад“ ќе изгради собирен центар за селекц…

Авг 17, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Договорена соработка помеѓу Општина Босилово и Друштво за управување со отпад „Нула отпад“, од кои општината доби донација приколица за трактор за со ...

Матурантите од генерацијата 2018/2022 на СОУ „Јане Сандански“ со фрлање капи го заокружија своето образование во ова училиште

Матурантите од генерацијата 2018/2022 на СОУ „Јане Сандански…

Авг 16, 2022 Вести

Синоќа во дворот на струмичката гимназија се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето дипломи на матурантите од генерацијата 2018/2022 на...

Утре прекин на електричната енергија во реонот од Добрејци до Василево

Утре прекин на електричната енергија во реонот од Добрејци д…

Авг 15, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 16 Август) најавува прекин на електричната енергија од 09:30 до 10:30 часот и тоа: дел од населените м...