Велика Сабота е ден од Страдалната Седмица. Според источното христијанство тој е осми ден од Страсната Седмица, односно 7 дена по Лазаровата Сабота и шест по Цветници. Велика сабота е посветена на споменот на пребивањето на Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот.
Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Тоа е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на христијанската жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Сабота е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Христовата Мајка – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Исуса Христа.
Денес на овој ден се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. Велика Сабота е определена како Ден за чување на гробот.
Во Македонија некои на Великата сабота, за празник ја сметаат само додека се во црквата, а потоа може да се работи. На овој ден се прават последните подготовки за празникот, се чисти куќата и се готви храна.
Вечерта, околу полноќ, се оди во црквата каде што секој носи црвено јајце. Во Струмичко-Радовишкиот регион носеле и свеќа и зелено гранче или цвеќе, а свеќата запалена од свештеникот ја носеле дома и со неа го запалувале огнот.
На полноќ сите присутни со тропарот „Христос воскресе“ три пати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршкаат со црвените јајца и се омрсуваат. На малите деца во саботата навечер под перницата им ставаат црвено јајце што им го даваат утрото во неделата кога ги водат во црквата.
.
.
Авг 19, 2022 Вести
Утрово во 04:20 часот на крстосницата од булевар „Мајка Тереза“ со улицата „Тодор Александров“ и улицата „Белградска“ во Скопје, патничко возило „Форд...
Авг 19, 2022 Вести
Вечерва со почеток во 20:00 часот на сцената на СОФ, кај езерцето во големиот градски парк ќе настапат Коста Хаџикојчев бенд и Влатко Лозано...
Авг 19, 2022 Вести
Општина Струмица и Министерството за образование и наука започнаа со комплетна реконструкција на основното училиште „Гоце Делчев“ во селото Вељуса. К...
Авг 19, 2022 Вести
Под мотото „Потребно е село“, кое асоцира на познатата поговорка „Потребно е цело село за да се одгледа дете“, годинава под покровителство на Обе...
Авг 18, 2022 Вести
Компанијата „Жикол“ почна со реализација на проектот „Изведба на мост на река Водочница на траса на ул. „Братство Единство“ во Струмица. Станува збор ...
Авг 17, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Договорена соработка помеѓу Општина Босилово и Друштво за управување со отпад „Нула отпад“, од кои општината доби донација приколица за трактор за со ...
Авг 16, 2022 Вести
Синоќа во дворот на струмичката гимназија се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето дипломи на матурантите од генерацијата 2018/2022 на...
Авг 15, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 16 Август) најавува прекин на електричната енергија од 09:30 до 10:30 часот и тоа: дел од населените м...