Денеска е Велики Петок, најтешкиот празник во годината

Петок, 22 Април 2022

Велики петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус. Тогаш се оди во црквата каде што оставаат дарови на Распетието Христово, а цвеќето на „плаштеникот-оплакувањето Христово“. Секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје.

На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Исто така, се поставува и „Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус), пред кое верниците се поклонуваат и Исус го бакнуваат во раните на нозете.

Некои, саботата пред празникот, наречена Велика сабота, за празник ја сметаат само додека се во црквата, а потоа може да се работи. На овој ден се прават последните подготовки за празникот, се чисти куќата и се готви храна. Вечерта, околу полноќ, се оди во црквата каде што секој носи црвено јајце. Во Струмичко-радовишкиот регион, носеле и свеќа и зелено гранче или цвеќе, а свеќата запалена од свештеникот ја носеле дома и со неа го запалувале огнот. На полноќ сите присутни со тропарот „Христос воскресе“ три пати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршкаат со црвените јајца и се омрсуваат. На малите деца во саботата навечер под перницата им ставаат црвено јајце што им го даваат утрото во неделата кога ги водат во црквата.

На Велигден, рано наутро, сите брзаат во црквата да чујат Христос воскресе и да се причестат. По литургијата во црквата се оди на гробишта каде што се остава по едно јајце на гробовите, за и на мртвите да им се каже дека дошол Велигден.

Уште рано наутро децата, убаво облечени, одат по куќите да го честитаат празникот за што добиваат по едно црвено јајце. Посебна радост претставува обичајот кршкање со јајцата. Притоа тој чие јајце ќе победи му го зема, му го печали или типосува јајцето на другиот што се скршило. Утрото и младоженците одат на честитање кај роднините, а девојките и ергените се подготвуваат за на оро.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Сообраќајка во Дабиле, повредени три лица

Сообраќајка во Дабиле, повредени три лица

Мај 24, 2022 Вести

Вчера попладне околу 16:30 часот на магистрален пат А-4 Струмица - Ново Село во селото Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно в...

Зборовите „образ“ и „образование“ треба да одат рака под рака, им кажа Костадинов на просветните работници

Зборовите „образ“ и „образование“ треба да одат рака под рак…

Мај 24, 2022 Вести

Општина Струмица синоќа организираше свеченост по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, на која беа доделе...

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Мај 24, 2022 Магазин

Светите браќа Кирил и Методиј се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кири...

Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за кривично дело полов напад врз дете

Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за…

Мај 23, 2022 Вести

СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...

На Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантизмот“ во Солун поставена изложба на Кристина Зимбакова

На Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантизмот“ во Солун пост…

Мај 22, 2022 Вести

На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...

Танкица Стојанова наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ на фестивалот НЕТА

Танкица Стојанова наградена за женската улога за имиџот на Е…

Мај 22, 2022 Вести

Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...

„Sugarland“ бара продавачки на сладолед

„Sugarland“ бара продавачки на сладолед

Мај 21, 2022 Веб Билборд

Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...

19-годишно момче со автомобил удрило во девојче од Босилово

19-годишно момче со автомобил удрило во девојче од Босилово

Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...