Почнуваат Велигденските празнувања. Граѓаните ги чека продолжен викенд исполнет со традиционалното боење на Велигденските јајца.
Денеска е Велики Четврток. Велики четврток е четвртиот ден од Страсната седмица пред Велигден.
Велики Четврток е нарекуван уште – чистиот четврток и во верски план е запишан од клучни библиски моменти. На Велики Четврток се одржала Тајната вечера, на овој ден Христос упатил молитва кон Бог Отецот во Гетсеманската градина и денес настанало предавството на Јуда.
Велики Четврток е еден најпрометните ден од подготовките за Велигден. На овој ден се бојадисуваат Велигденските јајца кои треба да се црвени.
Првото бојадисано јајце исто така треба да е во црвено – се проценува дека бојата ја симболизира Христовата крв. Со него, додека уште не е скршено, најстариот член на семејството црта крст на челото на најмалите, за да бидат здрави во текот на годината. Освен тоа првото јајце се остава пред иконата во домот, за да не штити од зли сили, да носи здравје, среќа и успех.
Според традицијата во минатото на Велики Четврток жените поминуваат најмногу време во кујната. Тогаш највозрасната жена во семејството замесува Велигденски леб, нарекуван уште богова пита, Велигденски кравај или квасник.
Велигденските леб е обреден леб и се украсува со непарен број Велигденски јајца.
Велат исто така, дека на полноќ на Велики Четврток небото се отвора, за да слезат кај своите блиски душите на мртвите, кои остануваат на земјата 40 дена.
Во минатото на Велики Четврток луѓето ги осветувале новите домови.
.
.
Мај 24, 2022 Вести
Вчера попладне околу 16:30 часот на магистрален пат А-4 Струмица - Ново Село во селото Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно в...
Мај 24, 2022 Вести
Општина Струмица синоќа организираше свеченост по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, на која беа доделе...
Мај 24, 2022 Магазин
Светите браќа Кирил и Методиј се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кири...
Мај 23, 2022 Вести
СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...
Мај 22, 2022 Вести
На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...
Мај 22, 2022 Вести
Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...
Мај 21, 2022 Веб Билборд
Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...
Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...