Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне... се смета за тежок празник. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден, поради што се вели: „Благовец, прв Велигден“.
Денеска именден празнуваат: Благоја, Блаже, Благојка, Благица, Блага, Благун...
Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, но некои го сметаат и за празник Господов. „Празникот Благовештение на Богородица е воедно и Господов и Богородичен празник. Господов е бидејќи се однесува на Христа Господа, затоа што беше зачнат во утробата на Богородица, а Богородичен бидејќи се однесува на онаа личност којашто придонесе за зачнувањето и вочовечувањето на Синот Божји.
Благовец – празник на мајките
Благовец е празник на Божјата Мајка, а според старата црковна традиција е и празник на сите мајки – Денот на мајките. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, а мајките пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.
Благовестие е исто така празник на радосната вест и на пролетната убавина. Меѓу народот е познат како Благовец, Благоец, Благовестие, Блошчојне и се смета за тежок празник. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв Велигден“.
Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.
.
.
Мај 24, 2022 Вести
Вчера попладне околу 16:30 часот на магистрален пат А-4 Струмица - Ново Село во селото Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно в...
Мај 24, 2022 Вести
Општина Струмица синоќа организираше свеченост по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, на која беа доделе...
Мај 24, 2022 Магазин
Светите браќа Кирил и Методиј се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кири...
Мај 23, 2022 Вести
СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...
Мај 22, 2022 Вести
На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...
Мај 22, 2022 Вести
Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...
Мај 21, 2022 Веб Билборд
Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...
Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...