Повторно е потребна помош од хуманите луѓе за лекување на Ирена Танчева, мајка на две деца

Среда, 03 Ноември 2021

Ирена Танчева од Самоилово на возраст од 29 години, мајка на две деца на возраст од 6 и 8 години е неподвижна и на постела, по кобната сообраќајна незгода која се случила на 27 април 2017 година.

За Ирена има надеж во руската болница „Неуровита“, со пресадување на матични клетки ќе може да застане на нозе, и повторно да ги расте своите два малолетни синови.

„Утрото на 27 април 2017 година ги подготвив моите два сина за во градинка. Се качивме во автомобилот со кој јас управував и тргнавме на кај градинката. Но за жал не стигнавме до неа, несовесен возач ми го пресече патот, кој со неговиот автомобил доаѓаше директно кон нас. За да избегнам да не удри директно во нас, помислата дека на задното седиште се моите две деца и тоа што бев бремена со третото дете, кое и него го изгубив во ова сообраќајка, свртив на другата страна од патот“, ја раскажува својата потресна случка, младата мајка Ирена Танчева.

„Не се сеќавам после што се се случувало, бидејќи сум се онесвестила од повредите и 22 дена сум била во кома. Кога се разбудив од кома моите ми кажаа дека децата се добро, немаат повреди. Јас сум удрила во дрво и сум „излетала“ од другата страна, од вратата до совозачкото седиште. Возачот што ја предизвика сообраќајката избегал, без да ми помогне“ – раскажува Ирена.

По 22 дена во кома Ирена не можела да ги движи нозете, не можела нормално да дише, само со помош на апарат, вода пиела преку сонда, се така месец и половина во „шок соба“, а потоа ја префрлиле на интензивна нега. Тогаш, по кобниот ден, за прв пат си ги виде синовите.

„Толку ми беше тешко кога ги видов, а не можев да ги прегрнам, да ги гушнам. Не можев да им одговорам како треба, бидејќи имав дупче на грлото. Помалиот син, кој тогаш имаше само 2 години имаше страв да се доближи до мене, а поголемиот син, тогаш на возраст од 4 години кога ми кажа „Мамо ти ќе оздравиш и пак ќе си играш со нас, пак ќе не носиш на градинка“, а јас само почнав да плачам и си го прашував Господ зошто јас не можам да ги кревам рацете, зошто не можам да ги мрдам нозете. Децата си отидоа, со мене остана мајка ми и повторно почна да ме гуши и повторно ме вратија во шок соба, уште една недела“ – раскажува Ирена.

Лекарите и рекле дека нема да може да се движи и дека тоа е што навреме не е извршена операција, но дека има надеж за рацете, но и за нозете, но после три месеци. Два месеци била на физикална терапија во Охрид и уште два месеци во Банско, но немало подобрување.

Во тој период, желбата да ги расте своите синови, упорноста, пријателството од хуманите луѓе, стапила во контакт со Клиниката за пресадување на матични клетки „Неуровита“ во Русија, каде ги испратила сите лекарски извешаи за нејзината состојба.

„Благодарение на хуманиот народ кој ми помогна да соберам пари, отидов таму и ми дадоа надеж, но и имаше резултати. Сама почнав да го држам шишето за вода, сама почнав да јадам, дури и имав повеќе рамнотежа на телото“ – вели Ирена.

Но за жал, на Ирена се уште и потребна помош, повторно треба да отпатува за Русија во Клиниката за да го продолжи медицинскиот третман. Повторно и се неопходни финансиски средства. Да и помогнеме на Ирена преку донирање на следните сметки:

Трансакциска сметка на име Ирена Танчева,

с. Самоилово 5, општина Ново Село.

320540027415089, Централна Кооперативна Банка

Девизна сметка на име: Irena Tanceva,

s. Samoilovo 5, Novo Selo, Macedonia.

IBAN: МК07-320540027415089

SWIFT CODE: CECBMK22 CENTRAL COOPERATIVE BANK AD SKOPJE,

како и на мобилните броеви:

143-500 А1

143-115 Телеком

„Вашата помош повторно ми треба, повторно треба да одам во Русија, но финансиски не сум во можност. Ги замолувам сите кои се во можност да ми помогнат. Јас никогаш не изгубив надеж и верба и знам дека ќе успеам, барем да можам сама од кревет во количка да седнам, да можам да ги израдувам моите две „златни“ деца, кои кога и да дојдат ми викат: „Мамо ајди стани, ние ќе ти помогнеме“ – ја завршува Ирена приказната за нејзината судбина по кобната сообраќајна незгода која се случила на 27 април 2017 година.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...