Кон крајот на месец јули, по четири дена треска, малото девојче од Струмица, Емилија наеднаш додека седеше во детската соба со нејзината сестра близначка, имаше епилептичен напад, веднаш беше пренесена во болницата во Струмица, од каде со амбулантно возило беше префрлена на Универзитетската детска болница во Скопје. Таму и беше дијагностициран вирусен енцефалитис, предизвикан од вирусот Западен Нил од каснување на комарец.
Поради брзо и прогресивно влошување на нејзината здравствена состојба, таа беше префрлена на интензивна нега и мораше да се стави во медицинска индуцирана кома. По нешто повеќе од еден месец на интензивна нега, нејзината состојба беше стабилизирана, но таа остана со изменета свест, без визуелен контакт, неспособна да голта и да се храни, губење на говорот и отежнато движење.
Според лекарите итно и е потребен невролошки третман за рехабилитација, интензивна работна терапија, интензивна физикална терапија и рехабилитација во центри специјализирани за пациенти во таква состојба, кои не се достапни во Македонија. Македонските лекари препорачаа да се бараат такви болници во Турција, Словенија или Германија. Неколку болници негираа да ја прифатат или поради состојбата во која се наоѓа или поради пандемијата COVID-19.
Пред два дена, таа беше пренесена во болницата „Аџибадем“ во Истанбул, Турција и во моментов се во тек испитувања...
Да и помогнеме на малата Емилија... Донирајте на следниот линк >>>
.
.
Мај 24, 2022 Вести
Вчера попладне околу 16:30 часот на магистрален пат А-4 Струмица - Ново Село во селото Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно в...
Мај 24, 2022 Вести
Општина Струмица синоќа организираше свеченост по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, на која беа доделе...
Мај 24, 2022 Магазин
Светите браќа Кирил и Методиј се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кири...
Мај 23, 2022 Вести
СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...
Мај 22, 2022 Вести
На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...
Мај 22, 2022 Вести
Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...
Мај 21, 2022 Веб Билборд
Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...
Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...