Испечатете ја страната

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Петок, 17 Септември 2021

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron English за Македонија, беше наградена меѓу 40-те најуспешни лидери во Југоисточна Европа до 40 години. Водител на церемонијата беше познатиот турски актер и изведувач Јусуф Емини.

„Почестена сум, што сум дел од оваа прекрасна организација и заедница на успешни претприемачи. Среќна сум и благодарна што го имам луксузот да работам во област која има огромен импакт врз иднината на идните генерации. Силно верувам дека квалитетната едукација е една од најважните работи што треба да им ги овозможиме на нашите деца за да имаат подобра иднина. Јас како поединиц, заедно со сите инволвирани во Helen Doron English франшизната мрежа во Македонија, не штедиме ресурси за да го донесеме и имплементираме во нашата држава најдоброто од едукација од светот, но и да го направиме достапно за што поголем број на деца низ целата држава. Нашите деца имаат огромен потенцијал и заслужуваат квалитетна едукација, кој им гарантира подобра иднина и поголеми можности“ - кажа Валентина Динова во своето обраќање на доделувањето на наградата.

Таа додаде дека оваа награда е големо признание за неа, но и за целиот тим од франшизери и учители, кои посветено работат на овозможување квалитетна едукација на голем број на деца низ државата.

Business Elite’s Awards претставува престижна програма за наградување и вмрежување на извонредни претприемачи и бизнис лидери, со мисија за проширување и зголемување на деловните можности и меѓународни соработки помеѓу бизнисите.

Наградите „Business Elite’s“ се заштитен знак на Global Top Brand Awards, основани во 1985 година во Торонто, Канада и имаат за цел да ги идентификуваат извонредните поединци ширум светот кои се издвојуваат по својата посветеност и професионален успех.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Окт 06, 2022 Вести

Владата на денешната седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука, на предлог на ...

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Окт 06, 2022 Веб Билборд

Хотел „Studio Inn“ од Струмица има потреба од рецепционер за работа во ноќна смена. Подетални информации и пријавување на: 034 331 851...

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените таму ќе паѓаат до -35%, а следуваат и многу награди за потрошувачите

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените та…

Окт 05, 2022 Магазин

Се ближи 9-от роденден на најголемиот салон за мебел во Македонија „Home by Almak“ на струмичкиот бренд „Алмак“, препознатлив цели 27 години кај нас и...

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот сепак ќе го одигра во Струмица

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ К…

Окт 05, 2022 Вести

Македонскиот одбојкарски шампион „Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот, сепак ќе го одигра на домашен терен. Со оглед на т...

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Окт 05, 2022 Вести

Како резултат на успешната соработка помеѓу општините Босилово (Македонија) и Грмен (Бугарија), преку програмата за прекугранична соработка, во наредн...

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Окт 05, 2022 Вести

Следејќи го успешниот пример на работата на мобилните гинеколошки амбуланти низ различните општини во државата во текот на оваа година, Македонската а...

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на струмичкиот плоштад ја одбележаа Детската недела

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на стру…

Окт 05, 2022 Вести

Денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше разиграно, распеано, весело, се слушаше детскиот џагор. Околу 350 деца од предшколска возраст од Ј...

Пуштено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште во дворот на Домот на АРМ

Пуштено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште…

Окт 05, 2022 Вести

Струмица доби уште еден современ отворен спортски терен за сите љубители на спортските активности. Повеќенаменското спортско игралиште во дворот на Д...