Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron English за Македонија, беше наградена меѓу 40-те најуспешни лидери во Југоисточна Европа до 40 години. Водител на церемонијата беше познатиот турски актер и изведувач Јусуф Емини.
„Почестена сум, што сум дел од оваа прекрасна организација и заедница на успешни претприемачи. Среќна сум и благодарна што го имам луксузот да работам во област која има огромен импакт врз иднината на идните генерации. Силно верувам дека квалитетната едукација е една од најважните работи што треба да им ги овозможиме на нашите деца за да имаат подобра иднина. Јас како поединиц, заедно со сите инволвирани во Helen Doron English франшизната мрежа во Македонија, не штедиме ресурси за да го донесеме и имплементираме во нашата држава најдоброто од едукација од светот, но и да го направиме достапно за што поголем број на деца низ целата држава. Нашите деца имаат огромен потенцијал и заслужуваат квалитетна едукација, кој им гарантира подобра иднина и поголеми можности“ - кажа Валентина Динова во своето обраќање на доделувањето на наградата.
Таа додаде дека оваа награда е големо признание за неа, но и за целиот тим од франшизери и учители, кои посветено работат на овозможување квалитетна едукација на голем број на деца низ државата.
Business Elite’s Awards претставува престижна програма за наградување и вмрежување на извонредни претприемачи и бизнис лидери, со мисија за проширување и зголемување на деловните можности и меѓународни соработки помеѓу бизнисите.
Наградите „Business Elite’s“ се заштитен знак на Global Top Brand Awards, основани во 1985 година во Торонто, Канада и имаат за цел да ги идентификуваат извонредните поединци ширум светот кои се издвојуваат по својата посветеност и професионален успех.
.
.
Авг 15, 2022 Вести
Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...
Авг 13, 2022 Вести
Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...
Авг 13, 2022 Веб Билборд
„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...
Авг 13, 2022 Вести
Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...
Авг 12, 2022 Вести
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...
Авг 12, 2022 Вести
Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...