Младиот музичар од Струмица, веќе познат на балканската естрада, Иван Кукиќ, денеска на својот 24-ти роденден ја објави својата прва авторска песна насловена „Без компас“.
Иако Иван има снимено и настапувано на повеќе музички изведби, преработено неколку традиционални македонски, но и песни од регионот, „Без компас“ е неговото првенче. Се јавува како комплетен автор, музика, текст, аранжман, вокал, но и главен лик во видео приказната под режисерката палка на Ѓорги Вацев.
Вистински момент за вистинска приказна на свој начин со Иван Кукиќ во време на масовна вакцинација, за нова инспирација. Иван е горд на ова прво авторско дело и видео спот на кој му се придружија голем број негови пријатели, колеги. Во песната со свој монолог се јавува и познатиот лик од К-15, Тошо Малерот, актерот Васко Тодоров.
Во видео приказната глумат: Стојне Карадакоски, Љубомир Митровски, Миле Манасиев, Тоше Костадинов, Петар Колев, Игор Илиев, Наце Ристоманов, Александра Бенет, Наташа Стојановска, Јовче Пандев, Марија Зимбаковска, Невена Стојкова, Вероника Поповска, Горан Алиќ, Иван Георгиев, Зоран Кукиќ, Душко Манушев, Марјан Стоилов, Ване Панов, Ѓорги Ѓоргиев и Зоран Трендов, а видео спотот е снимен во Струмица, дел во поранешната касарна во февруари годинава, во TNT Rock Caffe Strumica, Scena 112 и Potfat MC.
Как ќее саа таа работа? Погледнете го видеото оти СЕ Е БЕЗ КОМПАС, БЕЗ КОМПАС Е СЕ!
.
.
Авг 15, 2022 Вести
Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...
Авг 13, 2022 Вести
Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...
Авг 13, 2022 Веб Билборд
„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...
Авг 13, 2022 Вести
Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...
Авг 12, 2022 Вести
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...
Авг 12, 2022 Вести
Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...