„Под кулите на Струмица“ ја преработија Александар и Дац со Перо Христов и „Распеани струмичани“

Четврток, 17 Јуни 2021

Староградската македонска песна, „Под кулите на Струмица“, која за струмичани е неофицијална химна на градот, доби нова обработка, овој пат од славното дуо Александар & Дац, на која како специјални гости им се легендата на македонската песна Перо Христов и ансамблот на традиционални народни песни „Распеани струмичани“.

„Новата верзија на легендарната струмичка градска песна „Под кулите на Струмица“ ја посветуваме на градот Струмица. Ова музичка и видео разгледница е убава приказна во која се испреплетуваат љубовта, традицијата, носталгијата, како и убавините на денешната Струмица“, напишаа Александар и Дац објавувајќи го видео спотот на YouTube каналот.

Тие упатија благодарност до Општина Струмица за поддршката и помошта при реализација на песната и видео спотот, кои се дел од проектот „Ново руво“ на дуото Александар и Дац.

Аранжманот на песната го направија: Ташко Грујовски, Александар Митевски и Бобан Василески. На акустични гитари и тамбури свири Ташко Грујовски, на пијано Борислав Јоргушески, а на електрична гитара Бобан Василески.

„Денеска го честитаме и 70-тиот роденден на нашиот Перо Христов, а со ова песна ќе го бодриме струмичанецот Горан Пандев и целата македонска фудбалска репрезентација во нов голем подвиг“ – напишаа тие на нивниот официјален Фејсбук профил.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зорица Заева и д-р Венко Филипче донираа перики на 15 пациентки кои се лекуваат на Универзитетската клиниката за радиотерапија и онкологија

Зорица Заева и д-р Венко Филипче донираа перики на 15 пациен…

Окт 06, 2022 Вести

По повод одбележувањето на Октомври како месец за борба против ракот на дојката, Зорица Заева и д-р Венко Филипче од име на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно о...

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Окт 06, 2022 Вести

Владата на денешната седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука, на предлог на ...

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Окт 06, 2022 Веб Билборд

Хотел „Studio Inn“ од Струмица има потреба од рецепционер за работа во ноќна смена. Подетални информации и пријавување на: 034 331 851...

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените таму ќе паѓаат до -35%, а следуваат и многу награди за потрошувачите

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените та…

Окт 05, 2022 Магазин

Се ближи 9-от роденден на најголемиот салон за мебел во Македонија „Home by Almak“ на струмичкиот бренд „Алмак“, препознатлив цели 27 години кај нас и...

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот сепак ќе го одигра во Струмица

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ К…

Окт 05, 2022 Вести

Македонскиот одбојкарски шампион „Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот, сепак ќе го одигра на домашен терен. Со оглед на т...

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Окт 05, 2022 Вести

Како резултат на успешната соработка помеѓу општините Босилово (Македонија) и Грмен (Бугарија), преку програмата за прекугранична соработка, во наредн...

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Окт 05, 2022 Вести

Следејќи го успешниот пример на работата на мобилните гинеколошки амбуланти низ различните општини во државата во текот на оваа година, Македонската а...

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на струмичкиот плоштад ја одбележаа Детската недела

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на стру…

Окт 05, 2022 Вести

Денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше разиграно, распеано, весело, се слушаше детскиот џагор. Околу 350 деца од предшколска возраст од Ј...