Испечатете ја страната

Нов производ на Млекара „ЈОКА“ – GHEE пречистен путер

Среда, 12 Мај 2021

GHEE е новиот производ на Млекара „ЈОКА“ од Струмица, кој претставува висококвалитетен пречистен путер. Овој прехранбен продукт е добиен од сепарирана млечна маст во уникатен производствен процес и како таков, претставува чиста млечна есенција која не соджи ароми, шеќер, сол, бои и конзерванси. Ова e прв македонски пречистен путер, кој се произведува во современиот индустриски погон на „ЈОКА“ од најквалитетно кравјо млеко без адитиви и конзерванси. Со редовно користење на GHEE во исхраната за брзо време ќе ги почуствувате придобивките и позитивното влијание врз вашиот организам, затоа што поседува високо квалитетни нутритивни состојки кои благопријатно делуваат на организмот.

GHEE e 100% природен производ кој вистинските љубители на здрава исхрана и здрав начин на живот го препознаваат и го вметнуваат во својата редовна исхрана. Во светски рамки овој производ, веќе долго време се користи како здрава замена за другите масла за готвење, а „ЈОКА“ ја имаат честа први да го произведуваат за македонскиот пазар.

GHEE путерот се карактеризира со висока масленост поради која тој е многу погоден за приготвување на било какви јадења на висока температура. Тој не дозволува зеленчукот да загори, има висока температура на издржливост до 250 степени Ц, а на јадењето му дава посебен деликатесен вкус поради специфичната арома која ја поседува. Сето ова значи дека со употребата на ГИ путерот наместо другите видови масла во кујната, се осигуруваме дека нема да внесеме непотребни радикали и токсини кои во организмот предизвикуваат канцерогена средина, што е многу значајно посебно во ова време кога е многу важно да го сочуваме нашиот организам во здрава состојба.

GHEE путерот содржи голем број витамини, меѓу кои: A, D, E и K. Тие се заслужни за разградување на мастите во организмот и имаат големо значење за општото здравје на човекот, затоа што имаат директно позитивно влијание врз локомоторниот и имунолошкиот систем. Витаминот Е посебно има позитивно влијание врз изгледот и состојбата на кожата, косата и ноктите, со подмладувачки и освежителен ефект.

Во GHEE путерот соодносот на омега 3 и омега 6 е идеален, 1:1 (како во нашите клетки). Ваквиот сооднос на овие есенцијални масни киселини е клучот за нашето здравје.

Помага во лачење на желудечната киселина со што се олеснува растворувањето на хранливите материи од храната. На тој начин се придонесува во одржување на здрав дигестивен систем и збогатување на цревната флора.

GHEE исто така помага во регулација на притисоците, намалување на лошиот, а зголемување на добриот ХДЛ холестерол. Погоден e за лица што се нетолеранти на протеинот казеин и млечниот шеќер лактоза, затоа што се екстрахираат уште при пороцесот на создавање. Исто така Ги не содржи сол, шеќер, арома или додатни конзерванси. Поволно влијание има и на зглобовите, ги зацврстува коските и го олеснува движењето.

GHEE прочистениот путер има неограничен рок на траење, отпорен е на секакви напади од бактерии, вируси, габи, паразити и не мора да се чува во фрижидер.

GHEE освен хранливи, поседува и лековити совојства кои влијаат на подобрување на меморијата, јакнење на концентрацијата, подобар вид, подмачкување на зглобовите, подмладувачки ефект врз кожата, го успорува стареењето и ги прочистува крвните садови. Низата на позитивни својства на ГИ за организмот не завршува тука, затоа ве повикуваме да го пробате ова чудо од путер и да се уверите и самите во неговиот квалитет.

Млекара „ЈОКА“ за потребите на новиот производ GHEE креираше специјална веб страна на која ќе може повеќе да се информирате за неговата употреба во исхраната, како и за начинот на кој можете да го набавите пречистениот путер. Страната на GHEE има можност за он-лајн продажба со што е овозможено лесно и ефикасно нарачување и бесплатна дистрибуција до вашиот дом.

Комерцијална објава

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Горан Пандев денеска го слави 38-от роденден

Горан Пандев денеска го слави 38-от роденден

Јул 27, 2021 Магазин

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда, струмичанецот Горан Пандев, денеска го слави својот 38 роденден. Пандев е еден од најдобрите фудбалери...

Ова седмица високи температури со над 40 степени

Ова седмица високи температури со над 40 степени

Јул 26, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од денеска до крајот на ова седмица под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период ...

Утре прекин на електричната енергија на дел од улицата „Братство Единство“ во Струмица

Утре прекин на електричната енергија на дел од улицата „Брат…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (понеделник, 26 јули), од 07:00 до 10:00 часот ќе има прекин на електричната енергија на дел од...

Од утре на роденденски шопинг во „РАЗНОПРОМЕТ АС“, ПОПУСТ на се што се продава таму

Од утре на роденденски шопинг во „РАЗНОПРОМЕТ АС“, ПОПУСТ на…

Јул 25, 2021 Магазин

Традиционално во последната недела од месец јули, познатиот струмички бренд „РАЗНОПРОМЕТ АС“ ја организира роденденската недела, почнувајќи од утре, п...

НОВО во Струмица! Отворена специјализирана продавница на традиционални турски баклави

НОВО во Струмица! Отворена специјализирана продавница на тра…

Јул 25, 2021 Маркетинг

Нова уникатна приказна во Струмица започнува од вечерва на плоштадот, спроти хотел „Есперанто“. Отворена е специјализирана продавница на традиционални...

Струмичката полиција уапсила две млади момчиња, кај нив е пронајдена марихуана

Струмичката полиција уапсила две млади момчиња, кај нив е пр…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека синоќа по полноќ, околу 00:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Х.Д.(21 година)...

Повредено 23-годишно момче од Струмица, управувајќи возило излетал од патот

Повредено 23-годишно момче од Струмица, управувајќи возило и…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа околу 23:40 часот на патот Струмица – Ново Село, во село Босилово, патничко возило „Сеат Ибица“ со струмички регистарски ознаки, управувано од ...

Утре голема акција на „Комуналец“ за чистење на отпадот во Струмица

Утре голема акција на „Комуналец“ за чистење на отпадот во С…

Јул 24, 2021 Вести

ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, утре (недела, 25 јули) од 07:00 до 16:00 часот организира голема акција за чистење на отпадот во градот. Се планира да с...