На полноќ, во Струмица, свештениците ја објавија веста за Христовото воскресение

Недела, 02 Мај 2021

Православните и католичките верници од Струмица го започнаа славењето на Христовото воскресение, најголемиот и најрадосниот празник, кој според христијанското учење ја симболизира победата на животот над смртта.

На полноќ, во Струмица, веста за Христовото воскресение ја објавија свештениците на богослужба што се одржа во црквата „Свети Кирил и Методиј“ на Македонската Православна Црква и во Католичката Катедрала „Успение на Пресвета Богородица“.

Христовото воскресение верниците го дочекаа со запалени свеќи во рацете, со молитви за здравје и благосостојба, со кршење со велигденски јајца и со традиционалниот поздрав Христос воскресна - Навистина воскресна, но годинава со ограничено присуство во црквите, поради пандемијата, а голем број верници веста за Христовото воскресение ја дочекаа на терасите, во дворовите од своите домови.

Празникот на Христовото воскресение - Велигден е празник на љубовта и мирот, триумф на животот над смртта, на доброто над злото и ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување и ја докажал божествената моќ.

Велигден е главен Христијански празник, прв и најстар од сите христијански празници, основа на христијанската црковна година.

За Велигден се вапсуваат црвени јајца кои христијаните меѓусебно си ги подаруваат честитајќи си го празникот. Црвената боја е симбол на радоста, а јајцето симбол на животот. Како што од јајцето се раѓа живот, така Исус воскресна од гробот.

На Велигден христијаните се поздравуваат со зборовите: „Христос Воскресна – Навистина Воскресна“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Струмичката полиција синоќа со засилени мерки за санкционирање на возачи кои брзо возат

Струмичката полиција синоќа со засилени мерки за санкционира…

Јул 29, 2021 Вести

Секторот за внатрешни работи Струмица синоќа во периодот од 21:00 до 01.00 часот по полноќ презеде засилени мерки за санкционирање на возачи кои управ...

Во петок ќе биде поставена Изложба на уникатни ДЛ креации (морски ѕвезди)

Во петок ќе биде поставена Изложба на уникатни ДЛ креации (м…

Јул 29, 2021 Најава

Во петок (30 јули) од 19:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, младата дизајнерка Данче Лазарова за прв пат ќе постави Изложба на...

Домот за стари лица „Отворено срце“ бара медицински сестри и негувателки

Домот за стари лица „Отворено срце“ бара медицински сестри и…

Јул 29, 2021 Веб Билборд

Домот за стари лица „Отворено срце“ од Струмица има потреба од медицински сестри и негувателки. Пријавување од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 ч...

АПЕЛ од „Комуналец“: Рационално да се користи водата

АПЕЛ од „Комуналец“: Рационално да се користи водата

Јул 29, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Поради зголемените температури на воздухот ЈПКД „Комуналец“ Струмица апелира до сите граѓани за совесно и рационално користење на водата за пиење. Вод...

Утре цел ден без електрична енергија ќе бидат жителите на селото Куклиш

Утре цел ден без електрична енергија ќе бидат жителите на се…

Јул 28, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 29 јули), од 07:00 до 19:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците во на...

Во Струмица ќе биде поставена „pop-up продавница“ со понуда на био-базирани производи од цела Европа

Во Струмица ќе биде поставена „pop-up продавница“ со понуда …

Јул 27, 2021 Вести

Во петок (30 јули), од 14:00 часот на просторот кај Дом на АРМ во Струмица ќе биде отворена „pop-up продавница“, каде граѓаните ќе имат можност да вид...

Горан Пандев денеска го слави 38-от роденден

Горан Пандев денеска го слави 38-от роденден

Јул 27, 2021 Магазин

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда, струмичанецот Горан Пандев, денеска го слави својот 38 роденден. Пандев е еден од најдобрите фудбалери...

Ова седмица високи температури со над 40 степени

Ова седмица високи температури со над 40 степени

Јул 26, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од денеска до крајот на ова седмица под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период ...