Денеска е Свето Благовештение – Благовец, празник на радосната вест и на пролетната убавина

Среда, 07 Април 2021

Денеска е Свето Благовештение – Благовец, Празник на радосната вест и на пролетната убавина.

Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне... се смета за тежок празник. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден, поради што се вели: „Благовец, прв Велигден“.

Денеска именден празнуваат: Благоја, Блаже, Благојка, Благица, Блага, Благун...

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, но некои го сметаат и за празник Господов. Празникот Благовештение на Богородица е воедно и Господов и Богородичен празник. Господов е бидејќи се однесува на Христа Господа, затоа што беше зачнат во утробата на Богородица, а Богородичен бидејќи се однесува на онаа личност којашто придонесе за зачнувањето и вочовечувањето на Синот Божји.

Благовец – празник на мајките

Благовец е празник на Божјата Мајка, а според старата црковна традиција е и празник на сите мајки – Денот на мајките. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, а мајките пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот календар). На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Извршена обљуба врз 18-годишна девојка во центарот на Струмица

Извршена обљуба врз 18-годишна девојка во центарот на Струми…

Апр 10, 2021 Вести

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица поднел кривична пријава против И.Д. (18), кој престојува во селото Банско, струмичко, М.Д. (...

Струмица денеска со 53-ца новозаразени, починале тројца, најмладиот има 50 години

Струмица денеска со 53-ца новозаразени, починале тројца, нај…

Апр 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа од 42-ца починати лица, тројца се од Струмица на возраст од 50, 67 и 70 години. 53 ли...

Нови 45 лица заразени во Струмица, тројца починати

Нови 45 лица заразени во Струмица, тројца починати

Апр 08, 2021 Вести

Се уште е лоша состојбата со коронавирусот и во Струмица. Денеска 45 новозаразени, а тројца струмичани на возраст од 71 и 81 година починале како посл...

Младо момче ја прегазило девојката во центарот на Струмица

Младо момче ја прегазило девојката во центарот на Струмица

Апр 08, 2021 Вести

Струмичката полиција информира дека девојката В.Б. (20) од Русиново, беровско, ја прегазил автомобил „Нисан“ управуван од 18-годишно момче од Струмица...

Прегазена девојка во Струмица, возачот побегнал

Прегазена девојка во Струмица, возачот побегнал

Апр 07, 2021 Вести

Вечерва околу 19:40 часот на крстосница на улиците „Ленинова“ со „4 јули“ во центарот на Струмица, на пешачки премин, автомобил удрил во 21-годишната ...

Црн Ковид биланс во Струмица: Починаа петмина струмичани, 25 лица се новозаразени

Црн Ковид биланс во Струмица: Починаа петмина струмичани, 25…

Апр 07, 2021 Вести

Пет струмичани на возраст од 70, 76, 77, 81 и 84 години починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19, а во цела држава бројката на почина...

Се асфалтираше главната улица во центарот на Бориево

Се асфалтираше главната улица во центарот на Бориево

Апр 07, 2021 Вести

Градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков денеска информираше дека е завршено асфалтирањето на локалната улица во селото Бориево во должина ...

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Светскиот ден на здравјето

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Светскио…

Апр 07, 2021 Вести

„Денеска целиот свет, под покровителство на Светската здравствена организација го одбележува 7-ми Април како Светски ден на здравјето. По 72. пат овој...